САКАТЕ ПОВЕЌЕ ПОЧИТ НА РАБОТА? Еве што никогаш не треба да кажете

October 6, 2025
1 min read

Кејт Мејсон, поранешна светска шампионка во дебата и доктор по комуникации од Сиднеј, сега е консултант за лидерство и авторка на „Powerfully Likeable: A Woman’s Guide to Effective Communication“.

Додека работеше во Google и YouTube, а подоцна и како тренер за комуникации, таа забележа шема што ја нарекува „синдром на наметнување“, особено кај жените. Тоа се рефлектира во фактот дека луѓето се плашат да „бидат досадни“ или „да направат проблем“, па затоа молчат, ги потценуваат своите заслуги и се однесуваат несигурно, пишува CNBC Make It.

„Ова често ги наведува да ја потценуваат сопствената работа и себеси“, вели Мејсон. Затоа таа нагласува дека целта не е да се критикува начинот на кој зборуваме, туку да се стане свесен за малите навики што ни штетат и да се заменат со подобри.

Во својата книга, споделува фрази што сите професионалци треба да ги отстранат од својот речник и што да кажат наместо тоа:

1. „Ми треба само секунда“

Иако звучи љубезно, оваа реченица создава нереално очекување. Ништо не трае „секунда“, па соговорникот лесно може да се изнервира. Уште полошо, си велиме себеси дека она што сакаме да го кажеме не е важно.

Подобро е да се каже: „Би сакал да поминам еден час следната недела разгледувајќи ги А, Б и В. Дали тој распоред ви одговара?“

Вака покажуваме дека имаме значајна тема и вредни идеи.

2. „Ако не може, нема врска“

Оваа фраза ја намалува важноста на нашето барање и го става на дното од приоритетите на другите луѓе. Всушност, обично е сè уште важно за нас да добиеме одговор.

Наместо тоа, наведете ја целта и рокот: „Би било важно ако можете да ми ги испратите коментарите до денес попладне, бидејќи утре е крајниот рок за финалната верзија“.

Кога луѓето ја знаат причината, тие се многу поподготвени да помогнат.

3. „Не сум експерт, но…“

Со ова, однапред го уништуваме сопствениот кредибилитет. Дури и ако не сме на највисоката позиција, не сме таму случајно, вработени сме токму поради нашето сопствено знаење и перспектива.

Наместо да го потценувате, нагласете што вие му носите на тимот: „Врз основа на моето искуство со X, мислам дека…“

Прифаќањето на сопствените силни страни ослободува непотребни несигурности и гради авторитет.

Малките фрази честопати го обликуваат начинот на кој другите нè гледаат. Ако ги замениме со појасни и посигурни изрази, испраќаме порака дека се цениме и себеси и нашата работа, а тоа ни го враќа почитувањето од околината.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Атрактивна пејачка во минијатурно бикини

Следно

Презентацијата на 12 закони од областа на здравството

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop