Мицкоски до Ахмети: Игрите на етничка карта се научени, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, во која младите се враќаат

October 3, 2025
1 min read

СДСМ на овие избори настапуваат со слоганот „се бориме за нашиот дом“. И сè е тоа фино, ама забораваат дека пред година и три месеци тие управуваа со домот. И она што го затекнавме не беа нарушени, туку уништени темели. Кога ќе се сетам дека првите одлуки кои ги донесов како премиер беа да враќаме плати кои тие не ги исплатиле и дека делевме субвенции кои тие со години не ги исплаќаа. Секој ден во Владата ми доаѓаше по некој кој сведочеше за рушвет, тоа трае и денес, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.

-Се сеќавате дека 500 илјади наши сограѓани, поточно секој трет човек во државата живееше со 150 денари на ден. Дека имаше двоцифрена инфлација, дека го руинираа животниот стандард на чие кревање напорно и постепено работиме. А ДУИ беа господарите кои одлучуваа за целата економија, за тендерите, купуваа трговски центри, бензински пумпи, скапи деловни простории и што уште не. Се сеќавате ли на играњето фудбалчиња во канцеларии, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека тоа време на народот не му носи ништо добро.

-Го слушам Филипче како се потсмева на тоа што на пензионерите им се зголемуваат пензиите за 1000 денари, а намерно пропушта да каже дека за година и пол пензиите се зголемуваат за цели 5000 денари, што покажува дека има разлика со времето кога тие наместо да даваат земаа од пензионерите. Јас и сфаќам дека 5000 денари не се големи пари за Филипче кој е научен на јахти, згради и веселби во Дубаи, но ние го испорачавме тоа што го ветивме, укажа Мицкоски.

Мицкоски се осврна на однесувањето на Али Ахмети и раководството на ДУИ во текот на оваа локална кампања.

-Што се однесува до Ахмети, тажна е сликата како се присеќа и дели некакви историски лекции, додека неговиот народ се иселува поради неговото криминално владеење. Човекот води избори за локални избори, а не пропушта да спомне историска лекција. Но, додека беше во владата не заборави своето семејно портфолио да го зголеми со еден убав трговски центар во центарот на главниот град, неговите соработници да купуваат скапи деловни простории. Но, затоа не кажува ни еден збор што ќе направи да ги задржи Албанците во своите родни места, но него не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта. Сакам да му порачам дека овие лекции се научени и се минато, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, а младите што се селеа поради таквите како него да се вратат во државава, заклучи Мицкоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски во Чаир: „Нашата визија за Скопје е реална и остварлива“

Следно

Шест вежби кои согоруваат повеќе калории од трчањето

Latest from Blog

Трамп: Земјите што соработуваат со Иран ќе платат веднаш царина од 25%

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека секоја земја што „соработува со Исламската Република Иран“ ќе биде веднаш погодена со царина од 25%. „Секоја земја што соработува со Исламската Република Иран ќе

Епл го избра моделот на ВИ на Гугл, Џемини, за новата генерација на асистентот Сири

Компанијата Епл денеска официјално го потврди партнерството со фирмата Гугл, чии модели на вештачка интелигенција Џемини (Gemini) ќе ја придвижуваат новата генерација на асистентот Сири. Веста ја подигна пазарната вредност на Гугл

ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 12 СТЕПЕНИ ПОД НУЛАТА: Временска прогноза за утре и следните денови

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови од земјата ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -12 степени, а дневните до
Go toTop