Англичаните го објавија списокот: Тухел ги „откачи“ Фоден, Белингем и Грилиш

October 3, 2025
1 min read

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, не ги повика Фил Фоден, Џек Грилиш и Џуд Белингем за претстојните квалификациски дуели со Летонија и пријателскиот меч со Велс овој месец.

Има голем број промени во однос на претходниот состав. Џарел Кванса влегува на местото на Тино Ливраменто, кој ќе отсуствува во следните два месеци поради повреда, Рубен Лофтус-Чик го заменува Адам Вортон, а Букајо Сака го заменува Нони Мадуеке.

Покрај Белингем, Фоден и Грилиш не е повикан и Адам Вортон од Кристал Палас.

Голмани: Дин Хендерсон (Кристал Палас), Џордан Пикфорд (Евертон), Џејмс Трафорд (Манчестер Сити)

Одбрана: Ден Бурн (Њукасл Јунајтед), Марк Геи (Кристал Палас), Рис Џејмс (Челзи), Езри Конса (Астон Вила), Мајлс Луис-Скели (Арсенал), Џарел Кванса (Баер Леверкузен), Џед Спенс (Тотенхем Хотспур), Џон Стоунс (Манчестер Сити)

Среден ред: Елиот Андерсон (Нотингем Форест), Морган Гибс-Вајт (Нотингем Форест), Џордан Хендерсон (Брентфорд), Рубен Лофтус-Чик (Милан), Деклан Рајс (Арсенал), Морган Роџерс (Астон Вила)

Напаѓачи: Џарод Бовен (Вест Хем Јунајтед), Еберечи Езе (Арсенал), Ентони Гордон (Њукасл Јунајтед), Хари Кејн (Баерн Минхен), Маркус Рашфорд (Барселона), Букајо Сака (Арсенал), Оли Воткинс (Астон Вила).

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Што е потребно за среќа? Со овие ситници ЌЕ ГО КУПИТЕ секој хороскопски знак

Следно

Коњановски најавува современо и безбедно уредување на реката Драгор

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop