Мистериозен објект, прекриен со влакна падна од небото и ги преплаши луѓето (ФОТО)

October 1, 2025
1 min read

Необичниот инцидент ги остави локалните власти и жителите целосно збунети, објавува Дејли Стар.

„Изгледа како џиновска перика“

Објектот е долг околу 1,7 метри, широк 1,2 метри, направен од карбонски влакна. Има отвор на едниот крај, систем за вентилација на другиот и етикета со видлив сериски број.

Неговиот необичен изглед предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а еден корисник се пошегува дека „изгледа како џиновска перика“.

Мистериозниот објект паднал во четврток, 25 септември, околу 18:30 часот по локално време.

Полиција и пожарникари на местото на настанот

Сопственикот на фармата Рамон Рикардо Гонзалез (47) беше првиот што го забележал објектот закопан во земјата и веднаш ги известил надлежните органи.

Полицијата, пожарникарите и екипата за експлозиви пристигнале на местото на настанот за да проверат за потенцијално опасен материјал.

По детална инспекција, е потврдено дека објектот „не содржи запаливи или опасни супстанции“, но неговото потекло останува нејасно.

Експертите предупредуваат

Една претпоставка е дека станува збор за „вселенски отпад“, потенцијално од една од мисиите на SpaceX или кинеските мисии.

Онлајн ентузијастите сугерираат дека објектот би можел да биде „композитен сад под притисок“, кој се користи во вселенските летала, при што еден пишува: „Не е опасен… освен ако не ви падне на глава“.

Со оглед на сè поинтензивниот развој на вселенската индустрија, експертите предупредуваат дека во иднина ќе бидеме сведоци на почести „падови“ на резидуален отпад.

Истрагата за инцидентот во Порто Тирол продолжува.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ: Гати од Јуве го има голот на вечерта!(ВИДЕО)

Следно

Во Скопје Дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

Latest from Blog

LSDM: Gruevski ka pasaportë hungareze dhe serbe

Nga partia maqedonase në opozitë LSDM, thonë se nga informacionet e fundit që i kanë marrë, tregojnë se Nikolla Gruevski tashmë zotëron një pasaportë hungareze dhe serbe. “Nëse i arratisuri nga drejtësia

Турција осуди осум лица на затвор поради несреќата со жичарницата во Анталија пред две години

Во инцидентот од 12 април 2024 година, една од кабините на жичарницата што превезуваше туристи од плажата Коњалти до врвот Тунектепе во регионот на Анталија удри во столб и се распадна, исфрлајќи

Промет од над 9 милиони денари: банкарските акции доминираат на берзата на денешната сесија

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 21.04.2026 година, индексот МБИ10 изнесуваше 9.901,62 поени и забележа дневен пад од 0,16%, односно
Go toTop