„Црвената танга“ на Филипче

October 1, 2025
3 mins read

Кога Венко најави некакви си „Црвени линии“, дел од Македонската јавност помисли дека СДС, конечно, ја сфатиле сопствената грешка и утка. Подобро некогаш, отколку никогаш, нели? За жал, испадна второто.

Секој благоразумен човек логицира дека ако пропаѓаш, прво што треба да сториш е да ја најдеш причината за својата пропаст. Така, алкохоличарот се откажува од алкохолот, наркоманот од дрогата, предебелиот од обилната храна, секој од својата зависност. Па и оној на гранката ја остава пилата.

Арно ама, Венко никако да ги „остави“ инфантилните уставни измени. Од каде оваа „уставопроменсак“ зависност и чуму овој суицидален порив кај „лидерот“ на СДС кој испадна три пати поголемо сидро дури и до Пендаровски, кој се спомнуваше како негов контракандидат? Од каде овој сизифовски печат кај неврохиругот кој така мазохистички го турка уставозименскиот камен по ридот на Бихаќка и така опасно ги тенчи нервите на сопартијците и на македонската јавност? Зошто „како слеп за стап“ се фатил за таа тотално нелогична и наметната ујдурма на Заев и неговиот измаќар Таче?

Прво логично објаснување е дека Венко мора да ја доврши работата која Таче не успеја. Да ги донесе тие уставни измени кои така ступидно ги прифати. Та и Венко е другарче и продолжена рака на Зоран викан Црпко, чуму да биде поразличен од лузерот Таче која заради истите тие Уставни измени тресна од октроираниот трон? Арно ама, со 17 пратеници, уставни измени МАЛО СУТРА, би рекол самиот Муртинхаузен. По дебаклот кој следи, уште ПОСУТРА…

Второ можно објаснување е онаа старата, лоша навика да кенкаат кај меѓународниот фактор, да се нудат како измеќари и да ги потсетуваат: АЛООО, ТУКА СМЕ, НАПУЧЕНИ КАКО ОНИЕ ПО „УГОСТИТЕЛСКИТЕ“ ОБЈЕКТИ ВО ТЕТОВО, ЌЕ СТОРИМЕ СЕ, АМА НЕ НЕ’ ЗАБОРАВАЈТЕ, АМАААН!

Трето, имаат некој суицидален, самоуништувачки КОМПЛЕКС и сите се чеда на Чичко Кумплунг.

Четврто, смртно вљубени се во Радев, Бојко и останата татарска банда. Ова е СДС Врховистичка.

Петто, на Бихаќка масовно се тешко заболени од Стокхолмски синдром и не можат да се одкинапираат и отргнат од ајваросаните рачиња и од скутот на Црпнатиот лидер од Муртино, кој тера втора деценија од киднапирањето на СДС, па беспоговорно одат во пропаст водени од старозаветниот, црпнат лик од нивата. Масовна појава, без трунка логика во себе, која наликува на стампедо кое гине во провалијата…

Шесто нема, како што и минатиите пет луцидни објаснувања немаат никаква логика. Гледаш дека партијата ти пропаѓа, дека членството бара опции токму поради бугаризацијата/бугарофилија на партијата која е основана врз бугарофобија, од авион се гледа дека ДО ВЧЕРА ТВОИТЕ сега во редици ти чекаат пред ЗНАМ и Левица,а  ти пак „ко слеп за стап“ си запнал за тие суицидални и непрокопсани уставни измени. И пак, и пак, и пак, ги верглаш ко расипана плоча. Во овој случај, „повторувањето“ не е мајка на знаењето, туку мајка на тотална и конечна девастација на една ненародна партија.

И така, наеднаш, ти носиш „црвени линии“, а сите очекуваат дека, конечно, си се опаметил и ќе кажеш нешто „машки“ за нив, ќе ги одбиеш бугарските диктати и условувања, ќе ги треснеш од земја, ќе ја вратиш партијата на нозе, ќе го охрабриш членството дека Заевци биле предавници, апаши, арамии, одроди! Дека си раскрстил со минатото… Арно ама, ТОНЧ! Ти така ајвански и ретардирано веќе во втоирот пасус на индолентната „резолуција“ пишуваш (во превод) „ДО ТОГАШ И ТОГАШ ДА СЕ ПРИФАТАТ БЕЗУСЛОВНО БУГАРСКИТЕ АЗДИСИ И ДА СЕ ВНЕСАТ АЗДСАНИТЕ КОМШИИ ВО УСТАВОТ?!?!?!“ Статива, нова…

„Суртуков, како намерно да сака да си ја уништи партијата?“ Ова е првото нешто што ви паѓа на ум, не дека некој ќе жали по неа, нели?

Очекувањата на сопартијците и јавноста повторно се изиграни. Ништо од покажувањето машкост и „онакви“, кохонес ли беа. Не е ни чудно кога 90 насто од раководството на партијата ти се Сороспии, таму тоа е строго забрането, таму се’ мора да биде „коректно“, кон сите освен кон Македонија и Македонците…

Така, соочен со ЦРВЕН КАРТОН на изборите на 19 октомври, Филипче „нацрта“ мизерни ЦРВЕНИ ЛИНИИ кои испаднаа ЦРВЕНА ТАНГА. Адругите да не ти биле така полтички и како и да е промискуитетни ко тебе. Да, и тангата да ти создавала црвена линија на еден дел од телото и да ти била јасен повик за нешто, но дефинитивно не за зачувување на националниот индетитет, историја и суверенитет. Иако, црвениот долен веш и симболиката поврзана со него одлично и прилега на направијата која некогаш се нарекуваше државотворна партија. А сега е падната на ниво на некаков водњански политканстки ред лајт дистрикт…

Аирлија црвената танга на „лидерот“, туку, по 19-ти ќе си даде ли РАКОВОДСТВОТО на СДС Врховистичка оставка (ракоНАЗАДСТВО подобро им прилега)? Вени го избегнува прашањето по прес-конференции со недели, врда везден и нон-стоп се крие ко онакво под кошула, но тоа никогаш, никого не спасило  од одговорност.

И не мора да биде Чом, вечерта по избори некој ќе мора да го изгаси светлото на Бихаќка…

 

П.С.

Го утнаа и логото, ама „скроз“. Изборниот слога СЕ БОРИМЕ ЗА СВОЈОТ ДОМ им прилега како пиџами на слон. СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИТЕ ХАЦИЕНДИ, е тоа е веќе друга прикаска и порака, толку „саливена“ и соодветна на елитистичките хохштаплери од црвената СДС буржоазија.

И не, нема да се изборите…

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Коњановски: Инженерите се двигатели на економијата и енергетската иднина

Следно

Потпечени пиперки со кајмак

Latest from Blog

Кампања против Никола Ѓурѓај – обид за замолчување на Македонците во Албанија

Бескрупулозни атаки врз претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, како поширока стратегија против Македонците во Албанија Целокупната македонска јавност го осудува написот насловен „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника

Сијарто за РТС: Двојни стандарди во ЕУ кон Србија, но и во однос на блокадите кон Македонија

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека е очигледно оти Европската Унија применува двојни стандарди во процесот на проширување, посочувајќи на диспропорцијата во третманот на Србија, но и на пречките

Алисон нема да може против Челзи

Ајде што синоќа тимот на Ливерпул со минимални 1:0 загуби во ра,ките од второто коло од Лигата на Шампионите против Галатасарај на гостувањето во Истанбул, го загуби и првиот голман, Алисон. Бразилецот
Go toTop