Објавена имотната состојба на грчките политичари

September 29, 2025
1 min read

Имотната состојба со годишните примања, акции и обврзници, депозити, кредити, недвижнини и сл, на грчкиот премиер, лидерите на партиите, пратениците и европратениците, градоначалниците и префектите, денеска беа објавени на официјалниот сајт на грчкиот парламент, како што е пракса во Грција, а се однесуваат на финансиските години 2022 и 2023, јави дописничката на МИА од Атина.

Премиерот на Грција во 2023 година пријавил годишен приход од 70.456 евра, акции и обврзници од 508.859 евра и 20.479 долари, депозити од 110.668 евра и 445 долари, 26 недвижнини на Крит, Кикладските острови и во Јанина, две возила, учество во една компанија, како и кредит од 160.560 евра.

Според грчките медиуми, најбогат меѓу лидерите на политичките партии (иако неговата партија Движење на демократија не е дел од парламентот) е Стефанос Каселакис, а најсиромашен е лидерот на партијата Победа Димитрис Нациос.

Поранешниот претседател на СИРИЗА Каселакис пријавил приходи од 1,75 милиони долари, со акции во вредност од 3,77 милиони долари и депозити во вредност од 32.287 (долари и евра), сопственик е на три недвижнини на Спецес, во Атина и САД, како и на едно возило, а паралелно има учество во две компании, но и кредити кон четири странски компании во вкупен износ од 1,65 милиони долари.

Првиот човек на партијата Победа, Нациос, пријавил годишни приходи од 22.632 евра, депозит од 1.978 евра, пет недвижнини во Пиериа и Килкис, едно возило и кредити од 107.841 евра.

Приходите на претседателот на главната опозициска партија ПАСОК, Никос Андроулакис, достигнуваат до 128.610 евра има депозити од 1.076.358, има 16 недвижнини и едно возило, како у учество во две компании.

Како што соопштија од грчкиот парламент имотните состојби се објавени неревидирани, онака како што биле поднесени, а се однесуваат на пратениците, европратениците, финансиските службеници на политичките партии, градоначалниците и префектите, како и брачните другари или лицата со кои горенаведените склучиле договор за заедничко живеење, за годините 2023 и 2024 година (односно за финансиските години 2022 и 2023). 

За 2023 година биле поднесени 260 почетни и 1.325 годишни изјави и за 2024 година, 275 почетни и 1.546 годишни. 

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Лацио ја декласира Џенова на нејзин терен!

Следно

Ѓорѓиевски: Скопје има сила, дух и луѓе кои не се откажуваат

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop