Screenshot

Општина Битола продолжува со инвестиции за квалитетно образование

September 29, 2025
1 min read

Во ОСМУ „Д-Р Јован Калаузи“ е завршена реконструкцијата на спортската сала, која сега располага со професионален паркет, санирана кровна конструкција, нова електрична инсталација и рефлектори. Трибините се глетувани и молерисани со фасадна боја, внатрешната ограда е бојадисана, а поставени се дополнителни две влезни врати за поголема функционалност.

Во рамки на училиштето, реновирана е и наставничката канцеларија со целосна замена на дотрајниот инвентар.

Дополнително, е направен значаен исчекор во енергетската ефикасност на објектот, со поставување на фотоволтаици со капацитет до 40 киловати електрична енергија, преку 72 модулни единици.

 

Училиштето, во соработка со локалната самоуправа и Министерството за образование, продолжува со нови инвестиции со цел подобрување на условите за наставата и обезбедување квалитетен образовен процес за учениците.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ѓорѓиевски ја промовира еднаквоста во образованието со донација за учениците

Следно

Нови цени на нафтените деривати

Latest from Blog

Проданоски: Реконструкција на „11-ти Октомври“ – нови тротоари, велосипедски патеки и осветлување во Прилеп

Градоначалникот Дејан Проданоски најави реализација на значаен инфраструктурен проект на улицата „11-ти Октомври“ во Прилеп, со кој ќе се изврши реконструкција на тротоарите, велосипедските патеки и уличното осветлување. Проектот се спроведува во

Барбарез за потценувачките изјави на Тим Хауард: Не знам кој е тој

ФОТО:.nfsbih.ba/ Сергеј Барбарез, селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, на прес-конференција го најави натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД. Натпреварот против домаќините на турнирот ќе се игра во

ПУТИН ЌЕ НАПАДНЕ ОД БЕЛОРУСИЈА? – планови за итен пад на Киев!

Главниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, во интервју за украинската телевизија „ТСН“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин му наложил на рускиот Генералштаб да ги пресмета различните опции за спроведување на
Go toTop