ЕУ планира укинување на правилото за согласност за интернет „колачињата“

September 27, 2025
2 mins read

Во обид за бирократско поедноставување, Европската комисија планира укинување на своето технолошко правило од 2009 година, поради кое на корисниците на интернет при отворање на нова веб страници им се појавуваат „прозорчиња“ со кои се бара согласност за користење на „колачиња“.

„Колачињата“ се основа на интернетот што им овозможува на сопствениците на веб страниците да собираат секакви информации за посетителите – од тоа дали се најавиле со лозинка, што ги интересира, па се до тоа кои производи ги купуваат онлајн и поради тоа им се појавуваат целно таргетирани реклами или понуди.

Одредбите за „колачињата“ се предвидени со Директивата за е-приватност, усвоена во 2009 година, со кои веб страниците се должни од корисниците да бараат согласност за да можат да вчитаат „колачиња“ на нивните уреди.

Експертите посочуваат дека со текот на годините интернетот се преполни со банери за добивање согласност која корисниците најчесто мора да ја дадат за да пристапат до саканата страница. На тој начин луѓето станаа навикнати да даваат согласност за се, па најчесто и не читаат за што се работи, туку само притискаат на копчето „дозволи“ без многу размислување.

Во рамки на подготовките на „омнибусот“ за технолошко поедноставување, кој би требало да биде претставен во декември, ЕУ планира да ја укине обврската за дигиталните компании да бараат дозвола за „колачињата“.

Како дел од изработката на „омнибусот“ Комисијата во понеделникот имаше средба со претставници на технолошката индустрија и на граѓанското општество, на кои една од темите биле правилата за „колачињата“ и банерите за согласност.

Со идејата на ЕК, презентирана на состанокот, се размислува корисниците да можат само еднаш да ги постават своите преференции за „колачиња“, наместо да мора да даваат согласност за нив при секоја нова посета на одредена веб страница.

Данска, која во моментов е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, уште во мај предложи да се укинат задолжителните банери за барање согласност за оние „колачиња“ што собираат податоци „за технички неопходни функции или едноставна статистика“, истакнувајќи дека тие се „безопасни“. Но, според данскиот предлог, тоа не би важело за оние „колачиња“ што се користат за маркетинг цели, рекламирање или споделување податоци на трети страни.

Од друга страна, технолошката индустрија предлага правилата за „колачињата“ наместо во Директивата за е-приватност, да бидат префрлени во Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ (ГДПР).

Разликата е во тоа што Директивата за е-приватност има строги барања за согласност, додека ГДПР се базира на „пристапот на ризик“, дозволувајќи им на компаниите да ги прилагодат своите заштитни мерки за приватност според нивото на ризик поврзано со обработката на податоци.

Но, и во овој случај, како повеќе пати досега, се очекува идејата на ЕК да наиде на жестоко противење на активистите за заштита на приватноста. Под нивни притисок, беа блокирани измените на Регулатива за е-приватност предложени во 2017 година, со кои меѓу другото се предвидуваше поедноставување на правилата за давање согласност за „колачињата“.

Откако измените не беа усвоени ниту по речиси осум години, Еврокомисијата во февруари годинава реши да го повлече предлогот.

Според активистите за заштита на приватноста, желбата за поедноставување не би требало да се меша со овозможувањето полесен пристап до личните податоци и бараат да се постигне рамнотежа помеѓу заштитата на правата за приватност и амбицијата за обезбедување конкурентност на европската технолошка индустрија.

Тие најавуваат дека ќе пружат жесток отпор на секој обид за „манипулирање“ со согласноста за „колачиња“, особено на оние наменети за целно рекламирање.

Но, во прилог на заложбите на Комисијата би можеле да оди поддршката во јавноста, имајќи пред вид дека голем број Европејци би се согласеле да се ослободат од здодевните „прозорчиња“ за давање согласност за користење на „колачиња“ при секое отворање некоја веб страна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Директорот на Царина: Борбата со корупцијата во фокус, годинава преку засилени контроли спречен криминал со употребувани возила

Следно

Коњановски: Со уметност и инвестиции ја збогатуваме Зоолошката градина во Битола

Latest from Blog

Барселона го официјализираше хрватскиот голман

Фото: ФК Барселона Х Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ сега е играч на Барселона, официјално објави клубот. Ветеранот успешно ги помина медицинските прегледи во последните часови, а денес клубот го потврди неговото потпишување.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

 Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си. Починале од изложеност на екстремни температури Отворајќи ја истрагата

Вучиќ: Предстои нова ера во односите меѓу Србија и САД, стратешкиот дијалог е пресвртница

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград изрази благодарност до САД за донацијата од 5,1 милиони долари за уништување на заостанатото вооружување и оцени дека предстои време на воспоставување нова ера

Македонија се поврзува со Србија преку нов гасовод: Капацитет до 160.000 кубни метри на час

Македонија и Србија направија нов чекор кон енергетско поврзување со потпишувањето на договорот за проектирање и изградба на интерконективниот гасовод меѓу двете земји. Договорот го потпишаа директорот на АД „Номагас“, Недим Рама,
Go toTop