Генерацијата Z не претпочита допир: Ова е нивниот омилен начин за заведување

September 26, 2025
1 min read

Генерацијата Z, која ги вклучува луѓето родени помеѓу 1997 и 2012 година, претпочита нивните партнери да ги гледаат додека флертуваат, отколку да ги допираат, според една нова студија.

Всушност, 59 проценти од 20-годишниците веруваат дека контактот со очи е поинтимен од физичкиот контакт, според студијата на EZContacts.

Анкетата опфатила 1.000 возрасни лица, вклучувајќи самци и парови, за да се утврди влијанието на контактот со очи и носењето очила врз романтичните врски.

„Контактот со очи може да биде знак на самодоверба или флерт, но е исто така длабоко личен. Може да започне врска побрзо од разговорот и да создаде чувство на блискост на првата средба“, велат авторите на студијата.

Дури 69 проценти од девојките претпочитаат контакт со очи пред допир, а 55 проценти од момчињата во оваа демографска група го претпочитаат истото. Употребата на апликации за запознавање станува се помалку популарна.

„Средбата лично и гледањето во очи може да биде начин луѓето да изградат доверба во врската, пробивајќи ја „онлајн бучавата од неискреност““, рекоа тие.

Дополнително, 58 проценти од испитаниците рекле дека носењето очила ја прави личноста попривлечна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лукровски: Кога зборуваме за Карпош, зборуваме за нашиот заеднички дом

Следно

Проблеми за Флик: Барса ќе мора без Рафиња и Гарсија против ПСЖ!

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop