Европското ЈО покрена дисциплинска постапка против својата обвинителка Теодора Георгиева

September 26, 2025
1 min read

Европското јавно обвинителство соопшти дека покренало дисциплинска постапка против својата членка од Бугарија, Теодора Георгиева, врз основа на резултатите од повеќемесечната внатрешна истрага за прекршување на правилата на институцијата од нејзина страна.  

– Главниот европски обвинител ги информираше Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија дека Колеџот на Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) одлучи да покрене дисциплинска постапка против бугарскиот европски обвинител, се наведува во соопштение на Обвинителството, чие седиште е во Луксембург. 

Во соопштението се посочува дека за време на дисциплинската постапка нема да бидат објавени никакви детали или дополнителни информации за случјот. Во него се додава и дека без да биде нарушена презумпцијата на невиност, Георгиева ќе остане под суспензија за време на траењето на дисциплинската постапка.  

Георгиева беше суспендирана од вршење на должноста во март годинава кога Европското јавно обвинителство започна административна истрага против, врз основа на, како што беше посочено, анонимни дојави и видео снимки за нејзини наводни средби со „добро позната личност од криминалните кругови“ во Бугарија.  

Според наводите, по овие средби Георгиева решила да се повлече од истрагата за сомнежите за потенцијална корупција и изнуда при реализацијата на проектот за обнова на најголемото складиште за гас на Балканот во местото Чирен во северозападна Бугарија.  

Истрагата за обновата на складиштето во Чирен започна во август 2024 година, откако Европското јавно обвинителство доби информации од „свиркачи“ за неправилности при реализација на проектот и потенцијален ризик по објектот. Врз основа на овие информации европските обвинители извршија претреси во бугарската државна енергетска компанија „Булгартрансгаз“.  

За обновата на складиштето во Чирен беа издвоени 78 милиони евра од Европската агенција за клима, инфраструктура и животна средина (ЦИНЕА).  

Георгиева изјави дека се повлекла од истрагата за Чирен затоа што „се чувствувала загрозена“ од бугарскиот пратеник, олигарх и лидер на Движењето за права и слободи (ДПС), Дељан Пеевски.  

Пеевски, кон кого САД и Велика Британија имаат воведено санкции поради сомнежи за вмешаност во корупција, тогаш ги отфрли наводите на Георгиева.  

Обвинителството во соопштението додава и дека одговорноста за проценка на дисциплинската постапка е на Европскиот парламент, Советот на ЕУ и Европската комисија.  

– Независноста без сомнение е суштински услов за првичното назначување на европски обвинители и за нивната способност да ги извршуваат своите должности за време на нивниот мандат, се нагласува во соопштението на Обвинителството. 

Инаку, ова е прва дисциплинска постапка покрената против еден обвинител или обвинителка од Европското јавно обвинителство од почетокот на неговата работа во јуни 2021 година.  

Канцеларијата на европскиот јавен обвинител е независно јавно обвинителско тело на Европската Унија, одговорно за истражување, гонење и покренување судски постапки за кривични дела поврзани со финансиските интереси на ЕУ. Европските обвинители ги назначува Советот на ЕУ. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пех за ПСЖ, без Маркињос против Барселона во ЛШ

Следно

Политика: Различни ставови во различно време – политичка МАНИПУЛАЦИЈА или личен БЕНИФИТ?!

Latest from Blog

Трамп: Не ни треба помош од никого!

„Соединетите Американски Држави беа информирани од повеќето наши „сојузници“ во НАТО дека не сакаат да се вклучат во нашата воена операција против терористичкиот режим на Иран на Блискиот Исток, и покрај фактот

Пониски цени за над 300 лека, меѓу кои и „Ксарелто“ за третман на кардиоваскуларни заболувања

Министерството за здравство ја информира јавноста дека е спроведено годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година, согласно важечката методологија за формирање на цените. – Цените на лековите претставуваат клучен

Нов систем за енергетски инвестиции: Општините ќе мора да имаат план пред да инвестираат

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план. Со

Германците со провокација до Арсенал пред мечот од Лигата на шампиони

Фото: Screenshot (Bayer Leverkusen/Facebook) Баер Лезеркузен ја загреа атмосферата пред вечервашниот (20:45) реванш натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите на стадионот „Емирати“, исмејувајќи го потпирањето на Арсенал од прекините на натпреварите.
Go toTop