Колач со јаболка

September 26, 2025
1 min read

За сите љубители на колач со јаболка.

Состојки:
( за тесто)

  • 200 грама брашно
  • 30 грама шеќер
  • 100 грама ладен путер
  • 1 јајце
  • 1-2 лажици ладно млеко / по потреба
  • прстофат сол

фил од јаболка:

  • 850 грама излупени, кисели јаболка
  • Сок од 1 лимон и малку рендана кора
  • 60 грама шеќер
  • 1 стапче цимет
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 40 грама брашно
  • 4 дл слатка павлака
  • 3 јајца
  • 1 рамна лажица пудинг од ванила

Подготовка:

Измешајте ги сувите состојки. Додадете сецкан ладен путер и протријте додека не се направат трошки. Додадете јајце и млеко и брзо соединете сè во тесто, не месете премногу. Ставете во фрижидер половина час.

Фил од јаболка

Исецкајте ги јаболката на помали парчиња. Измешајте ги сите состојки освен брашно и јајцата и варете покриено околу 15 минути, додека јаболката не омекнат. Оставете што е можно помалку течност, колку се посуви јаболката, толку подобар ќе биде филот и нема да протекуваат кога ќе се сечат. Извадете го стапчето цимет, Изблендирајте ги јаболката со рачен блендер. Додадете го брашното растворено во многу малку вода (или сок од јаболка). Вратете на шпоретот и варете многу кратко (1 минута) Скршете ги јајцата со вилушка и соединете ги сите состојки.

Загрејте ја рерната на 200 степени и печете го колачот 15 минути. Намалете ја температурата на 180 и печете уште 30 минути. Доколку е потребно, ставете фолија врз колачот за да ја задржи убава златно-жолта боја. Чувајте го печениот колач во калапот додека малку не се олади. Извадете го калапот и добро изладете го во фрижидер.

Посипете го колачот со цимет во прав и шлаг.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Батериите и хидроцентралите – новиот баланс на европската енергетска мрежа

Следно

Холандската полиција уапси двајца тинејџери осомничени за шпионажа за Русија

Latest from Blog

„Каде е факелот за Груби?“ – ВЛЕН со порака до Ахмети и врвот на ДУИ

ВЛЕН упати критики до раководството на ДУИ по излегувањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од куќен притвор, оценувајќи дека престанокот на оваа мерка не значи и крај на судската постапка против него.

Бесплатни кошаркарски тренинзи за деца од 8 до 14 години во Пробиштип

Компанијата „Булмак 2016“, во соработка со градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, го претставува проектот „Кошарка за секое дете“. Проектот им овозможува на момчиња и девојчиња од 8 до 14 години бесплатно

30 СЕНЗОРИ ЈА СЛЕДАТ ПЛАНИНАТА ХОХФОГЕЛ: Се подготвува ли масивно одронување?

Научниците предупредуваат на можноста од масивно одронување на карпи на планината Хохфогел (дел од Алпите), која се издига на надморска височина од 2.592 метри, на границата меѓу Германија и Австрија. Пукнатината што

Бакарот станува стратешки ресурс – може ли Македонија да го претвори својот минерален потенцијал во економска можност?

Бакарот добива сè поголемо значење на глобалните пазари, додека аналитичарите предупредуваат на можен недостиг од 2027 година. Според UBS Group, дефицитот на металот следната година би можел да достигне 379.000 тони, во
Go toTop