Тренчевска: Минималната плата во март ќе биде над 20 илјади денари

January 11, 2023
1 min read

Во рамки на Економско-социјалниот совет, во март ќе се разговара за минималната плата согласно податоците добиени од Државниот завод за статистика и се очекува таа да биде околу 20.200 денари, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во гостување на ТВ24.

Таа посочи дека методологијата за пресметка на минимална плата, донесена во март 2022 година, е системско решение кое предвидува постојан раст на минималната плата. Решение кое нема да зависи од политичка волја, истакна таа, туку се усогласува со порастот на трошоците за живот и порастот на просечната плата.

-Во март секоја година, согласно оваа методологија, ќе се усогласува минималната плата. Очекуваме минималната плата да биде околу 20.200 денари. Тоа е околу 12-13 отсто или за околу 2.000 денари повисока плата од 2022 година. А ако земаме наназад, кога минималната плата беше 9.000 денари, и тоа не во сите сектори, некои сектори исплаќаа и по 8.000 денари, сега во март ќе имаме плата над 20.000 денари, што е и повеќе од двојно. За 12.000 денари повисока минимална плата, рече Тренчевска.

Таа истакна дека Владата е насочена кон системски решенија, а не популистички мерки.

-Во март со покачувањето на минималната плата, сите вработени во државната администрација, кои земаат плата согласно Законот за административни службеници, ќе земат плата поголема за онолку проценти колку што е разликата односно процентот на пораст на трошоци за живот и порастот на просечната плата, рече Тренчевска.

Ккао што информира МТСП, министерката зборуваше и за нацрт-законот за системот на плати во јавен сектор, кое МИОА го постави на ЕНЕР, а со тоа можност за коментари и забелешки. Таа потенцираше дека се работи за драфт верзија за која ќе се консултираат сите засегнати страни, институциите, синдикатите и други. Таа зборуваше за неунифицираниот систем на плати во јавен сектор, како на пример, лице кое работи во јавно претпријатие или агенција да зема плата повисока од судија на врховен суд или претседател на држава.

Министерката посочи дека законот воведува систем кој значи постојан раст на платите во јавниот сектор, како што е воспоставениот систем на минимална плата и пензии.

Во однос на поддршката за граѓаните во време на економска и енергетска криза, министерката се осврна на антикризните мерки кои во моментов се активни, а ги опфаќаат најранливите категории на граѓани, кои од декември до март ќе се исплаќаат секој месец. Таа потсети дека секој јануари согласно Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита, се усогласуваат правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот и дека со исплатата на правата за јануари, правата ќе бидат повисоки за 14.2 проценти.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден вели дека не е запознаен со содржината на доверливите документи од периодот кога бил потпретседател

Следно

Кирков: Неспособноста на Спасовски оди до таму што и по 24 часа не можат да го најдат сторителот на грозоморните убиства на кучиња во Струга

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop