Димитриеска-Кочоска: По години пад, економијата покажува позитивни трендови

September 24, 2025
1 min read

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека економските показатели конечно прикажуваат позитивни резултати, а главен двигател на растот е приватниот сектор.

„Податоците за БДП покажуваат дека приватните компании го носат економскиот раст, со особено значајно учество на градежништвото и земјоделството. По години негативни резултати, земјоделството два последователни квартали бележи позитивна динамика, додека градежништвото директно придонесува за инфраструктурниот развој,“ изјави министерката во гостување на ТВ21.

Таа нагласи дека за разлика од минатото, растот денес не зависи од јавната потрошувачка, туку од инвестициите и активностите на приватниот сектор. „Посебно ме радува што приватните компании создаваат нови можности, вложуваат во развој и ја стимулираат продуктивноста,“ додаде Димитриеска-Кочоска.

 

Министерката истакна дека Владата останува посветена на создавање услови за натамошен развој на приватниот сектор преку поддршка на инвестиции, иновации и нови работни места, како и одржување на фискалната дисциплина.

„Очекуваме позитивната динамика да продолжи и во наредните квартали. Владата ќе остане фокусирана на зацврстување на економските основи и создавање поволна клима за инвестирање,“ рече таа, посочувајќи дека резултатите се поттикнати и од унгарскиот кредит реализиран преку Развојната банка.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Нема веќе големи демонстрации, Србија полека , но сигурно оди напред

Следно

Лудница на “Метрополитано“: Алварез со хет-трик и со гол во 88.минута му донесе победа на Атлетико Мадрид

Latest from Blog

Ѓоковиќ во финале, Медведев дисквалификуван откако збесна и удри навивач со топче во глава (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја оствари својата 33-та победа во Пекинг! Тој триумфираше над Данил Медведев, кој беше дисквалификуван! Ноле победи по маратонски меч – при резултат 7-5, 5-3, 15-15 – и со тоа

ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА – Јемен ја презема контролата кај Баб ел-Мандеб

Воените сили на меѓународно признатата јеменска влада тврдат дека ја презеле контролата врз стратешката област кај морскиот премин Баб ел-Мандеб од Хутите како дел од новата воена операција наречена „Јеменска зора“. Воениот

Швајцарците се жалат и за тревникот на стадионот во Луцерн, исто како и за Националната арена во Скопје

Швајцарија ја совлада Словенија со 2-1 и стигна до три победи во Лигата на нации, но триумфот на домашен терен донесе и сериозна главоболка пред следниот натпревар. Теренот во Луцерн, според информациите
Go toTop