Бајден вели дека не е запознаен со содржината на доверливите документи од периодот кога бил потпретседател

January 11, 2023
1 min read

„Бев информиран за ова откритие и се изненадив кога дознав дека има некои владини досиеја кои се однесени во таа канцеларија. Но, не знам што има во документите“, рече Бајден и додаде дека се надева оти ревизијата наскоро ќе биде завршена

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека е изненаден поради откритието на потенцијално доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател на САД и додаде дека не е запознаен со нивната содржина.

„Бев информиран за ова откритие и се изненадив кога дознав дека има некои владини досиеја кои се однесени во таа канцеларија. Но, не знам што има во документите. Целосно соработуваме со ревизијата“,

рече Бајден и додаде дека се надева дека таа наскоро ќе биде завршена.

Белата куќа претходно информира дека американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи од времето кога Џо Бајден беше потпретседател на САД, кои биле пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон.

Специјалниот советник на Бајден, Ричард Заубер, рече дека адвокатите на претседателот ги откриле документите минатиот ноември додека го расчистувале канцелариски простор и ги предале на Националниот архив. Тој рече дека во заклучениот кабинет во Центарот Пен Бајден (истражувачки центар поврзан со Универзитетот во Пенсилванија) биле пронајдени „мал број доверливи документи“.

Бајден имаше канцеларија во центарот од кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година до започнувањето на неговата претседателска кампања во 2019 година. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

НЕМА ДА СЕ РАСКИНЕ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР ВО КУЛТУРАТА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА

Следно

Тренчевска: Минималната плата во март ќе биде над 20 илјади денари

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop