Дневен хороскоп за 23 септември 2025 година

September 23, 2025
2 mins read

ОВЕН
Денешниот хороскоп за 23 септември 2025 година вели дека имате потреба да го смените распоредот и да завршите она што одамна го одложувате. На работа се очекува да преземете иницијатива, а колегите сметаат на вас. Зафатените имаат ситни недоразбирања, додека слободните може да привлечат нова симпатија. Најдобро е вишокот енергија да го трошите преку физичка активност.

БИК
Денот носи смирување и можност да ги завршите практичните обврски. На работа се цени вашето трпение и идеите што ги предлагате. Во љубовта, зафатените можат да го изненадат партнерот со мал гест, а слободните да привлечат некого со топлина и внимание. Здравјето е стабилно, внимавајте само да не претерувате со храната.

БЛИЗНАЦИ
Сè околу вас врие од информации и повици, па можно е да претерате. На работа е важно да бидете прецизни, бидејќи мала грешка може да направи хаос. Зафатените може да имаат ситни несогласувања, а слободните да влезат во флерт кој може да се закомплицира. Ви треба краток одмор.

РАК
Хороскопот кажува дека денес ве влече носталгија и потреба за промени во домот. На работа спуштете ја тензијата и решете го проблемот со компромис. Во љубовта, зафатените очекува искрен разговор, а слободните ќе обноват контакт со некој од минатото. Потребно ви е повеќе мир и одмор.

ЛАВ
Денешниот хороскоп за 23 септември 2025 година вели дека зрачите и привлекувате внимание. На работа ве очекува можност да ги истакнете своите идеи и да ги мотивирате колегите. Зафатените може да бидат пријатно изненадени од партнерот, а слободните да запознаат нова личност во друштво. Внимавајте да не се преморите.

ДЕВИЦА
Обратете внимание на деталите и завршете го она што одамна стои. На работа забележувате нешта кои на другите им бегаат. Зафатените треба да бидат помалку критични, а слободните да се отворат за нови познанства. Намалете го стресот.

ВАГА
Денешниот хороскоп за 23 септември 2025 година вели дека сте во дилема дали да се посветите на работа или на одмор. На работа успешно смирувате конфликти и нудите решенија. Зафатените ќе му приредат романтичен момент на партнерот, а слободните ќе имаат пријатен разговор кој ќе им ја разбуди фантазијата. Ви одговара лесна физичка активност.

ШКОРПИЈА
Денес откривате нечии вистински намери. На работа успевате да дојдете до суштината, но подобро е да не го кажувате веднаш сè. Во љубовта, зафатените расчистуваат стари недоразбирања, а слободните влегуваат во страсен разговор. Намалете го стресот.

СТРЕЛЕЦ
Ве влече да истражувате и да планирате патувања. На работа ширите оптимизам, но треба да обрнете внимание и на практичните задачи. Во љубовта, зафатените ја освежуваат врската со заеднички планови, а слободните влегуваат во необврзувачки флерт. Ви треба повеќе движење и свеж воздух.

ЈАРЕЦ
Денес треба да ги поставите приоритетите и да завршите обврски кои одамна чекаат. На работа се гледа напредок благодарение на упорноста. Зафатените Јарци разговараат со партнерот за заедничката иднина. Здравјето е стабилно, внимавајте само на заморот.

ВОДОЛИЈА
Ве очекува необичен ден. На работа од вас се бара да понудите оригинално решение, но и да останете практични. Во љубовта, оние што се во врска ќе разговараат за важна тема, а слободните ќе имаат можност да запознаат сосема поинаква личност. Движете се повеќе.

РИБИ
Денешниот хороскоп за 23 септември 2025 година вели дека интуицијата ви е најсилниот водич. На работа добро ја чувствувате атмосферата и успешно избегнувате недоразбирања. Зафатените со партнерот очекува сериозен разговор, а слободните со својата имагинација ќе привлечат внимание. Близината на вода ќе ви помогне да ја смирите напнатоста.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Грозданов во изборна трка за Кочани: Докторот кој сака да биде градоначалник за подобро утре на убавиот град кој доживеа трагедија

Следно

ВЛЕН: ДУИ со Левица го предаде евроатлантскиот пат на Албанците

Latest from Blog

Весна Писаровиќ прв пат ќе гостува во Македонија

Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа

Ватикан поведе истрага против шпански бискуп обвинет за педофилија

Тоа е прв познат случај против шпански бискуп обвинет за педофилија. Жртвата летово испрати жалба, преку писмо адресирано до римската Дикастеријата за доктрина на верата, во кое ја опишал злоупотребата и побарал

Алиу: Ќе се интензивираат процесите на дигитализација и во сегментот на фармацевтските услуги

Министерот за здравство Азир Алиу денеска се сретна со претседателката на Фармацевтската комора Весна Ставрова и претседателката на Здружението на приватни аптеки Џоана Андоноска. На средбата, Алиу ја потенцираше дигитализацијата како еден
Go toTop