Тројца рудари затрупани во рудник во Шпанија

March 9, 2023
1 min read

Тројца рудари се затрупани во рудник за поташа (мешавина од калиумови соли) на северот на Шпанија, соопштија денеска локалните власти.

Тројцата работеле во рудникот Кабанас де Сурија, на околу 80 километри од Барселона.

Каталонската полиција соопшти дека тлото во рудникот се урнало и дека во тек е спасувачка операција.

Пожарникарите објавија на Твитер дека уривањето се случило на длабочина од околу 900 метри.

Со рудникот стопанисува компанијата Иберпоташ, а е во сопственост на групацијата ICL од Тел Авив. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Костовски: Во Бутел нема простор за урбаната мафија

Следно

Шаќири: Им понудивме помош на турските студенти во државава кои доаѓаа од погодените подрачја од земјотресот

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop