Булмак 2016“ вработува рудари, машинобравари и електричари

September 22, 2025
1 min read

Пробиштип, 22.09.2025 – Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, оператор на двата рудници „Злетово“ и „Тораница“, поради зголемување на производството бара нови работници. Со оглед на континуираната потреба од свеж кадар во компанијата, огласот ќе остане активен во текот на целата година.

Потребни се:

  • рударски работници,
  • машинобравари и
  • електричари.

Компанијата за сите вработени обезбедува превоз и топол или ладен оброк, а секој вработен добива и соодветна заштитна опрема. Работата се изведува во три смени (07:00 – 15:00; 15:00 – 23:00; 23:00 – 07:00), а трудот во ноќна смена, недела и празници се плаќа согласно законската регулатива. За новите кадри се предвидени обуки и можности за унапредување, со што компанијата настојува за своите вработени да обезбеди не само сигурност на работното место, туку и професионален развој.

Заинтересираните кандидати може да достават пријава на е-пошта [email protected] или лично во управната зграда на компанијата во Пробиштип, на улица „Јаким Стојковски“ бр. 2. За дополнителни информации на располагање е и телефонскиот број 032/441-300.

„Булмак 2016“ ДООЕЛ е дел од бугарската групација „Минстрој Холдинг“ и ги управува двата рудници за оловно-цинкова руда во земјата, „Злетово“ во Пробиштип и „Тораница“ во Крива Паланка. Со повеќе од 700 вработени, компанијата е еден од најзначајните работодавачи во источниот регион.

Годишното производство во рудниците под управување на „Булмак 2016“ изнесува над 600.000 тони руда, што значително придонесува за извозот на олово и цинк од Македонија. Рудникот „Злетово“ е воедно и најстариот рудник во земјата, со долгогодишна традиција која претставува дел од индустриското и културното наследство на регионот.

Рудниците претставуваат столб на локалната економија и важен извор на приходи за општините, а компанијата активно инвестира во заштита на животната средина и во подобрување на условите за своите вработени.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Патриотизмот на Таравари–Села–Ахмети е празно тенџере

Следно

Македонската полиција се ребрендира: МВР ги повикува сите заинтересирани компании да учествуваат на тендерот

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop