Психолог тврди дека преземањето на оваа улога во врската може да го уништи вашиот однос

September 22, 2025
1 min read

Покрај стиловите на приврзаност, едно искуство кое често се пренесува во возрасните врски е парентификацијата (родителството) – ситуација во која детето презема одговорност несоодветна за неговата возраст.

Психологот Џастин Џ. Лемилер предупредува дека ваквите искуства подоцна можат да доведат до нееднакви односи во бракот, каде што едниот партнер ја презема улогата на „родител“, а другиот на „дете“.

„Родителството се случува кога децата ја преземаат улогата на грижа за своите родители или браќа и сестри, преземаат домашни работи или им даваат емотивна поддршка на возрасните. Таквите деца често ги потиснуваат сопствените емоции, стануваат независни премногу рано и растат верувајќи дека не можат да се потпрат на другите. Како последица на тоа, тие ги како возрасни ги сметаат сопствените потреби за помалку важни, а тоа може да го отежни односот со партнерот“, објаснува Лемилер за Psychology Today.

„Ако не се променат, прекинувањето на оваа динамика честопати бара работа со терапевт.“

„Сексуалната терапевтка д-р Кејт Балестриери во мојот подкаст „Секс и психологија“ предупредува дека партнерите кои се родителски ориентирани честопати преземаат премногу домашни работи, ги потсетуваат своите партнери на обврските или се однесуваат кон нив како кон деца. Ова води до исцрпеност, огорченост и намален сексуален интерес. Кога едниот партнер секогаш води грижа за сè, а другиот се потпира на него, се губи рамнотежата и интимноста“, истакнува психологот.

Ако некоја личност е оваа ситуација, експертите советуваат отворен разговор за поделба на работата и одговорноста, но и подготвеност таа личност да престане да ги презема сите задачи со цел да го охрабри партнерот да преземе иницијатива.

„Ако нема промени, прекинувањето на оваа динамика честопати бара работа со терапевт. Препознавањето и менувањето на овие родителски обрасци е клучно за поздрава и порамноправна врска“, заклучува Лемилер.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силни земјотреси на Света Гора

Следно

ПЛУСИНФО: Бујар Османи нема да признае пораз на 19 октомври, во ДУИ се подготвува сценарио за „сенароден“ албански протест против власта после избори?!

Latest from Blog

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.

PDK mban nesër konferencë për media

Partia Demokratike e Kosovës (PDK), nesër mban konferencë për media. Kjo u bë e ditur nga përmes një njoftimi për media të lëshuar nga partia, teksa nuk treguan arsyen e kësaj konference.
Go toTop