Орце Ѓорѓиевски најавува ново Скопје: „Прво човек, потоа градоначалник“

September 20, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави својата визија за главниот град, истакнувајќи дека клучот за успешен град е човечкиот пристап и посветеност на граѓаните.

„Прво човек, потоа градоначалник“, порача Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека неговата мисија е да го направи Скопје град во кој секој ќе живее достоинствено, безбедно и гордо. Тој истакна дека не сака да дава празни ветувања, туку да работи чесно и со срце, со конкретни мерки кои веќе се покажани во општина Кисела Вода.

Ѓорѓиевски најави изградба на нови паркови и зелени коридори, модернизација на јавниот превоз, ред во сообраќајот, подобрување на училишта и поддршка за младите, како и воведување на смарт и дигитални решенија за модерно европско Скопје.

 

„Скопје е наш заеднички дом. Ние, скопјани, можеме да направиме промена. Доаѓа време на работа, време кога тоа подобро заедно ќе го живееме“, истакна Ѓорѓиевски.

Во својот говор, тој изрази благодарност и до премиерот Христјан Мицкоски за поддршката и довербата, нагласувајќи дека неговата кампања е базирана на непосреден контакт со граѓаните и решавање на нивните секојдневни проблеми.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатно: Мудрик сега ќе биде атлетичар

Следно

Просечните концентрации на PM10 честичките во Трубарево се во дозволените граници

Latest from Blog

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop