Топ-5 листа „најсреќни градови“ за одмор и патувања

September 19, 2025
1 min read

Туристичката агенција „Букретритс“ (BookRetreats) е автор на истражувањето наречено „Индекс на среќен одмор“. Во ова испитување, дестинациите за одмор и патувања се мерат врз основа на пет различни критериуми. Тоа се: Количина на сончева светлина, квалитет на спиењето, здрава исхрана, колку време можете да поминете в природа и можности за вежбање. Вкупно 47 места беа оценети во секоја категорија, а потоа споредени меѓу себе. По анализата на сите овие податоци, Лисабон е најсреќниот град за посетителите. Според „Букретритс“, тој град „се издвојува по неколку фактори“, а храната е особено привлечна.

Португалската престолнина е полна со ресторани за здрава храна и е на второто место во оваа категорија. Исто така, градот е „компактен и лесен за навигација“, и иако околните ридови можеби не изгледаат како одлично место за прошетка по обилен оброк, тие сепак се одлични за одржување на формата.

Говорејќи за зелени површини, Лисабон има речиси четирипати повеќе од Мадрид – и 2.828 сончеви часови годишно.

На место бр. 2 е Хелсинки, којшто особено се истакнува во категоријата „поврзаност со природата“. Финска, воопшто, е позната како „среќно место“, па затоа,  не е изненадување што нејзиниот главен град постигна добри резултати. „Букретритс“ ги истакнува „бујните паркови и булевари“ коишто беспрекорно се вклопуваат со шумските патеки, забележувајќи дека, сепак, опуштеното темпо на живот во Хелсинки е она што го прави скоро совршен за патниците и посетителите кои бараат мирно место за бегство од секојдневието.

Орландо (Флорида, САД) се најде на третото место. Доколку може да ги избегнете гужвите, овој град во сончевата амеериканска сојузна држава, всушност, може да понуди прилично опуштено време. Има многу тематски паркови за забавуваат, зелени површини, плажи и Сонце речиси преку целата година. И Атина (Грција) и Единбург (Шкотска) се најдоа меѓу првите пет. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ ја осуди изјавата на висок член на СНС за постоење планови за убиство на студентот Павле Цицвариќ

Следно

Детали за погребот на Роберт Редфорд: Церемонијата ќе биде приватна, без камери

Latest from Blog

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го
Go toTop