Кабинетот на министерот Салиу ја започна кампањата „Учам за подобра иднина“

September 18, 2025
1 min read

Кабинетот на министерот без ресор задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, денеска ја започна кампањата „Учам за подобра иднина“.

Како што соопштија од Кабинетот на Салиу, преку оваа иницијатива се испраќа силна порака до младите Роми дека образованието е клучот за успех, достоинствен живот и еднакви можности за секое дете.

Целта на кампањата е да ги охрабри и мотивира младите да го препознаат учењето како најсигурен пат кон подобра иднина.

-Со заеднички сили можеме да создадеме услови во кои секое дете ќе има поддршка да го оствари својот потенцијал. Образованието не е само право, туку и најголема инвестиција во иднината на заедницата и државата, посочуваат од Кабинетот на министерот Салиу.

Министерот ја изразува својата целосна поддршка за оваа иницијатива, нагласувајќи дека вложувањето во младите е врвен приоритет на неговата работа.

Кампањата ќе се реализира во повеќе градови низ државата, а започна денес во Куманово, во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“. Активностите ќе бидат насочени кон подигање на свеста за важноста на образованието, како и промоција на позитивни примери на успешни млади Роми, додаваат од Кабинетот на министерот Салиу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Тартан патека во градскиот парк за побогата спортска понуда во Битола

Следно

Во протестите во Франција уапсени најмалку 99 лица

Latest from Blog

Нетанјаху тужи новинари и медиуми

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако
Go toTop