Коњановски: Битола со Green & Growth влегува во нова ера на зелена транзиција

September 17, 2025
1 min read

Во Битола беше промовирана програмата Green & Growth, иницијатива на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Фондот за чиста технологија, со цел поддршка на зелената економска транзиција во Пелагонискиот и Југозападниот регион на Македонија.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Општина Битола веќе активно реализира проекти за енергетска ефикасност и заштита на животната средина и е дел од Зелената агенда за Западниот Балкан и Националната развојна стратегија.

„Верувам дека фондовите од овој финансиски инструмент ќе бидат искористени за инвестиции во зелени и иновативни проекти кои ќе ги зајакнат локалните претпријатија, правејќи ги поотпорни и поконкурентни на домашниот, регионалниот и глобалниот пазар“, рече Коњановски.

Програмата претставува комбиниран финансиски инструмент, кој вклучува финансирање, грантови и техничка помош за мали и средни претпријатија, како и корпорации, со цел поддршка на зелени инвестиции во регионот.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извршен увид по пожарот во Трубарево: Локацијата останува затворена и во наредниот период

Следно

Фон дер Лајен: ЕУ предлага суспендирање на трговските привилегии за Израел

Latest from Blog

Go toTop