И Французинките сè повеќе ги заменуваат потпетиците со патики

September 15, 2025
1 min read

Менаџерот на една продавница за чевли во Париз, прашан дали и колку чевли со високи потпетици продава, нагласи: – Готово е! Високите потпетици ги префрливме на долната полица.

Денес, речиси половина од Французинките „не знаат како да одат во високи потпетици“, според едно истражување. Така, последниве години, патиките станаа симбол на францускиот шарм, елеганција и стил, коишто се прилагодуваат на новите времиња и предизвици.

„Ако мажите ги сакаат жените што носат високи потпетици, треба да се обидат да одат во нив секој ден“, гласи коментар од корисничка на интернет.

Сепак, постојат и спротивставени мислења. Така, друга читателка вели:

„Мислам дека високите потпетици имаат свое место во женскиот гардеробер. Би ги означила како ‘повремени’, а не ‘обични’ или ‘секојдневни’, коишто во посебни пригоди и посебни денови би ги задоволиле елеганцијата и заводливоста, но и удобноста“.

Инаку, Франција е родно место на легендарните високи потпетици. Изумител овој елегантен женски детаљ е Роже Вивие – француски дизајнер кој ја дизајнирал високата потпетица во 1954 година. Тој бил, всушност, првиот кој вметнал метална прачка во потпетицата, зајакнувајќи ја така нејзината структура, а и ја издолжил и извишил женската силуета.

Новиот тренд го прифатиле скоро сите познати модни куќи. Вивие дизајнирал чевли и за многу познати личности и настани, како што се крунисувањето на кралицата Елизабета II, свадбата на Грејс Кели и принцот Рение, филмовите на Федерико Фелини и Алфред Хичкок и настапите на Марлен Дитрих и Катрин Денев. Неговиот бренд – високите потпетици сè уште се „инструменти за незапирлива заводливост“, како што велат модните познавачи.

Сепак, високите потпетици полека ја губат популарноста, и Французинките сè повеќе избираат чизми со практичен дебел ѓон, патики или рамни чевли.

Меѓу причините за оваа нова „француска револуција“ во обувките е и пандемијата Ковид-19. Таа го промени начинот на којшто живеат и работат многу луѓе. Работата од дома, ограниченото движење, одвикнувањето од ноќниот живот – сѐ ова доведе до тоа Французинките да се облекуваат „посекојдневно“. Така и за сѐ повеќе жени, патиките се „совршен избор“ за секојдневните активности но и за стилот и имиџот воопшто – во спој со тренерки, фармерки, здолништа и фустани.  

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чаби Алонсо: Реал Мадрид отсекогаш бил амбициозен во ЛШ

Следно

Кирков до Арсовска: Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop