БАБА И ДЕДО освоиле 12 милиони евра на лотарија, а речиси го заборавиле лозот

September 15, 2025
1 min read

Еден пар од
Мелбурн бил шокиран кога сфатил дека се сопственици на добитен
лоз за лотарија, вреден 13 милиони
долари (околу 12,1 милиони евра).

Според
лотаријата (The Lott), парот бил еден од четирите среќни добитници во
извлекувањето на Powerball, од фонд од повеќе од 50 милиони долари (околу 46,5
милиони евра).

Лотаријата немала никакви информации

Сепак, парот
дури и не бил свесен дека ја освоил наградата! Тие не го регистрирале
лозот, па организаторите не можеле да ги
контактираат. Поминале неколку дена пред да сфатат дека судбината може да биде
на нивна страна.

„Ова е
неверојатно! Во шок сум. Немавме поим, а
лозот беше до нас цело време“, рекла сопругата откако ги
проверила броевите.

Како што
признала, таа и нејзиниот сопруг биле премногу зафатени со своите дневни
обврски за да ги споредат броевите. Добитната комбинација б
ила избрана сосема случајно преку
опцијата QuickPick, а вклучува
ла
и датуми важни за семејството.

Каде беше
билетот?

Дури подоцна
открија дека нивниот билет – вреден цело богатство – всушност бил на вратата од
фрижидерот цело време, објавува Unilad.

Двојката,
која работеше напорно целиот свој живот, сега планира да инвестира дел од
парите во иднината на своите деца и внуци и ќе си дозволи „помала куќа“.

Добитниот
билет б
ил
купен во продавница во Ист Брајтон, а добитните броеви б
иле: 9, 22, 23, 3, 13, 28 и 32, додека
бројот на Powerball 5.

Сопственикот
на киоскот, Саџад Садеги Гурбанди, рече: „Не можам да верувам! Ова е првата
прва награда што ја продадовме откако ја презедов пред две години. Пресреќен
сум“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Следно

„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки

Latest from Blog

ЈУЖНА КОРЕЈА МЕЃУ КИЕВ И МОСКВА: Трговија со гориво зад грбот на санкциите

Гориво од Јужна Кореја стигнува до Русија – делумно преку танкери под санкции – во време кога Москва се соочува со недостиг на залихи поради војната во Украина. Анализата на пристанишните евиденции

Овации и бис за македонскиот тенор Ѓорѓи Цуцковски на фестивалот „Due Siciliae“

Со арии од „Тоска“, „Вертер“ и „Турандот“, Ѓорѓи Цуцковски се претстави на две концертни вечери на меѓународниот фестивал „Due Siciliae“. Македонскиот тенор, според неговото сведоштво, на двата настапа беше награден со бурни
Go toTop