Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

September 15, 2025
1 min read

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и за лицата со посебни потреби.

Како дел од проектот, ќе се гради нова, модерна школа за деца со посебни потреби на парцелата на училиштето „Идна“. Институцијата ќе има капацитет за 150 до 200 ученици, ќе се протега на два ката и ќе располага со специјализирани училници за деца со аутизам и други посебни потреби. Вкупната површина од 8.000 м² ќе обезбеди простор за настава, одмор, спиење и рекреација, а училиштето ќе ги опслужува децата од 27 општини.
Дополнително, општината ќе поддржува културни, рекреативни и социјални активности за лицата со посебни потреби, со цел промоција на инклузија и подобрување на нивната социјална благосостојба.

„Секој чекор што го преземаме има јасна цел: да го направиме Чаир модерна, хумана и еднаква општина, каде никој нема да остане запоставен“, истакна Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе се отвори „златно доба“ на нуклеарна енергија: САД и Велика Британија со заеднички проекти

Следно

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Latest from Blog

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со
Go toTop