Ватикан повторно го отвори случајот со тинејџерката која исчезна во 1983 година – теориите се морничави

January 11, 2023
3 mins read

Семејството Орланди неуморно ја бараше вистината, а токму нивните барања делумно доведоа до новата истрага. Главниот обвинител на Ватикан, Алесандро Диди, „го отвори случајот, делумно на барање на семејството“, изјави портпаролот во вторникот. Сепак, семејството рече дека се уште чекаат детали за тоа каков ќе биде фокусот на новата истрага

Пјетро Орланди, брат на исчезнатата Емануела Орланди, со Лаура Сгро, адвокатка на семејството Орланди, присуствуваа на телевизиското шоу Раиуно „Врата до врата“ што го води италијанскиот новинар Бруно Веспа во Рим, Италија, 31 октомври, 2018 година, Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Градот Ватикан потврди дека отворил истрага за најпознатиот случај, исчезнувањето на тинејџерка пред 40 години, што предизвика безброј теории, а беше повод и за снимање на хит серијалот „Девојката од Ватикан“ на „Нетфликс“.

Емануела Орланди, 15-годишната ќерка на вработен во Ватикан, последен пат била видена како заминува од час по флејта во Рим на 22 јуни 1983 година. Следеа повеќедецениски шпекулации за тоа што и се случило, со теории кои обвинуваа сè, од мафијаши, Тајната служба, до масоните и ватикански заговори, но ниедна никогаш не е докажана.

Семејството Орланди неуморно ја бараше вистината, а токму нивните барања делумно доведоа до новата истрага. Главниот обвинител на Ватикан, Алесандро Диди, „го отвори случајот, делумно на барање на семејството“, изјави портпаролот во вторникот. Сепак, семејството рече дека се уште чекаат детали за тоа каков ќе биде фокусот на новата истрага.

„Не знаеме што ќе направи Ватикан… кои документи сака да ги прегледа… Ватикан никогаш не направил ништо до сега. Со години барав да ме слушнат водечките личности во Ватикан… но за жал некои луѓе се веќе мртви“,

изјави семејната адвокатка Лаура Сгро за АФП.

Отворање на гробови

Една од најраспространетите теории тврдеше дека Орланди била киднапирана од мафијаши за да го уценат Ватикан. Енрико Де Педис, шеф на озлогласената „Банда дела Маглијана“ беше осомничен за вмешаност во нејзиното киднапирање, а некои шпекулираа дека девојката можеби е закопана до него под црква.

Италијанските власти отидоа дотаму што го отворија неговиот гроб во 2012 година. Но, ДНК-тестовите на посмртните останки не покажаа совпаѓање со Орланди. Во 2019 година, Ватикан се согласи да отвори два гроба во малиот град на барање на семејството, по анонимна дојава.

Гробовите на тевтонските гробишта биле празни, иако таму требало да бидат погребани две принцези. Нивните коски подоцна беа пронајдени под Тевтонскиот колеџ во близина, но Ватикан соопшти дека нема знаци на неодамнешни останки.

„Девојката од Ватикан“

Пресвртите во случајот се документирани во ТВ серијата на Нетфликс од 2022 година, „Девојката од Ватикан“. Во него, братот на Емануела, Пјетро, ​​тврди дека папата Франциск му рекол дека тинејџерката е „во рајот“ – тврдење за кое семејството верува дека покажува дека Ватикан знае што се случило со неа.

Во документарецот се слушаа изјави на сведоци кои ја потврдуваат теоријата дека Орланди била киднапирана. Во една изјава беше наведено и дека една недела пред исчезнувањето, тинејџерката изјавила дека била малтретирана во Ватиканските градини од близок до тогашниот папа Јован Павле Втори.

Друго тврдење кое често се повторуваше во италијанските медиуми е дека била одведена со цел да се изврши притисок за ослободување од затвор на Мехмет Али Агџа, Турчинот кој се обиде да го убие папата Јован Павле Втори во 1981 година. Во објава на Фејсбук, Пјетро Орланди ја поздрави новата истрага доколку навистина е покрената со цел да се разјасни и „конечно да се обезбеди правда за Емануела“.

Ватикански егзорцист: Ја киднапираа поради сексуалните оргии на моќниците

Можеби најбизарната, но и најстрашната теорија е онаа што во 2012 година ја изнесе познатиот ватикански егзорцист Габриеле Аморт, кој почина во 2016 година. Тој тогаш тврдеше дека 15-годишното девојче било киднапирано за да биде искористено во оргии организирани од дипломати на странска амбасада во Светата столица, при што член на гардата на Ватикан ги „регрутирал“ девојчињата.

„Тоа беше кривично дело со сексуален мотив. Се организираа забави, а ватиканскиот жандар делуваше како ‘регрутер’ на девојките. Во мрежата беше вклучен дипломатски персонал на странска амбасада во Светата столица. Верувам дека Емануела заврши како жртва на овој круг“,

рече Аморт, додавајќи дека на крајот била убиена и нејзиното тело било фрлено.

Во 2017 година беше објавен документ за „трошоците“ на Ватикан за Емануела

Самиот Ватикан во неколку наврати најави дека во врска со овој случај соработува со италијанската полиција. Меѓутоа, во 2017 година беше објавен таен рачно напишан документ на пет страници, украден од кабинетот на Ватикан, што повторно поттикна сомнеж за вмешаноста на Ватикан во овој случај.

Самиот наслов на документот е повеќе од значаен: „Резиме на трошоците направени од градот-држава Ватикан поради активности поврзани со граѓанинот Емануела Орланди (Рим, 14 јануари 1968 година)“.

Италијанскиот новинар Емилијано Фитипалди го објави овој документ како дел од неговата книга „Натрапници“. Му се судеше за објавување документи на Ватикан во аферата позната како „Ватиликс“.

Документот наводно го напишал кардинал од Ватикан на двајца архиепископи, а во него се наведени трошоци меѓу 1983 и 1997 година во вкупен износ од 483 милиони лири, што денес е 250 илјади евра. Трошоците вклучуваат различни „трансфери“ и сместување, вклучително и во Лондон и на други места, и медицински прегледи, вклучително и гинеколошки.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

И денеска полесно се дише во Скопје

Следно

Шоле пристигна во Владата, корупцијата една од темите на разговор

Latest from Blog

Иран испрати нов предлог за завршување на војната

Иран им понуди на САД нов предлог за повторно отворање на Ормутскиот теснец и прекин на војната, додека нуклеарните разговори се одложени за подоцнежна фаза, објави денес „Аксиос“, повикувајќи се на американски

Вајц: Во последната година не видовме напредок ниту реформи кај Македонија

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц порачал дека меѓусебното почитување меѓу земјите-членки и земјите-кандидати е основа на нашата соработка во Европската Унија. Запрашан за европскиот пат на нашата држава, Вајц

Холандија на Мундијалот без Чави Симонс

Уште еден фудбалер летово нема да може да патува на фудбалскиот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Холандскиот играч од средниот ред, Чави Симонс, објави дека ќе го пропушти Светското првенство поради

Политички земјотрес во Израел: ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет и лидерот на најголемата опозициска партија, Јаир Лапид, објавија спојување на нивните две партии и заедничка кандидатура против Бенјамин Нетанјаху и неговата партија на изборите во 2028

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош во потрага по нивниот исчезнат роднина Горан Ременски. Според информациите, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот наутро.
Go toTop