Меџити: Ќе има 24-часовен мониторинг на воздухот во Трубарево

September 14, 2025
1 min read

Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, соопшти дека се преземени итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот што избувна во магацинот за електронски отпад на „Ф-групација“ во Трубарево.

Во координација со Институтот за јавно здравје, Кризниот штаб на Владата и Државниот инспекторат за животна средина, донесени се следниве активности:
• До Институтот за јавно здравје е доставено барање за анализа на вода од бунари што ги користат домаќинствата во близина на опожарениот магацин;
• Министерството издаде забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот;
• Во наредните седум дена акредитирана лабораторија ќе врши 24-часовен мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух;
• До Основното општинско училиште „Крум Тошев“ во Трубарево е испратена препорака за ограничување на движењето на учениците на отворено сè до стабилизирање на состојбата.

„Апелираме до граѓаните внимателно да ги следат официјалните соопштенија и да ги почитуваат насоките од надлежните институции со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на нивните најблиски,“ порача Меџити.

 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв концерт на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан по две илјади години

Следно

По пожарот во Трубарево: Една пациентка хоспитализирана, на домашно лекување полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК

Latest from Blog

Николоски: Интензивно се гради на Коридорите 8 и 10д, работите на терен во полн замав

На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5,

Македонската „Грин Машинс“ на три светски саеми во иста недела — Минхен, Лас Вегас и Ливерпул

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, деновиве привлекоа големо внимание во Германија на светскиот саем ИФАТ — водечки меѓународен саем за технологии за животна
Go toTop