Ученици и наставници од скопски училишта го посетија Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

September 13, 2025
1 min read

Во посета на Кабинетот на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова биле ученици и наставници од скопските основни училишта „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ ,  „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ и од училиштето „Драга Стојаноска“ од село Долно Соње.

Кабинетот на Сиљановска-Давкова соопшти дека гостите со голем интерес ја проследиле свечената церемонија на менување на државното знаме, којашто традиционално се одржува секој втор петок во месецот од страна на Баталјонот за почести при македонската армија.

-Настанот е свечен чин на изразување почит кон македонското знаме, како еден од најважните државни симболи. Учениците изразија голем интерес за претседателската функција и нејзиното извршување. Со искреност и неочекувана зрелост, тие поставија сериозни прашања, небаре возрасни: зошто со децении сме имале само мажи на претседателската функција, дали ќе помогнам во обединувањето, дали ме сакале и дали ми недостигаат студентите, дали сум била одлична ученичка…Но, сакаа да ,,ѕирнат” и во личниот свет на претседателката: нејзиното хоби, омилена книга, филм, љубов кон животните. Претседателката им раскажа за новото милениче, македонското овчарско куче Караман, што неодамна стана дел од нејзиното семејство и им покажа негова фотографија, се наведува во соопштението.

Сиљановска-Давкова ги охрабрила учениците „да учат, да читаат, да веруваат во силата на знаењето, доброто и љубовта, да крититикуваат, но да не навредуваат, да го почитуваат другиот и поинаквиот“.

-Децата ѝ подарија уникатни, рачно изработени подароци и ја поканија да ги посети нивните училишта, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орце Ѓорѓиевски официјално кандидат – порака за единство и подобро Скопје

Следно

Јеменските Хути го нападнаа Тел Авив со хиперсонични балистички ракети – Израел го пресретна нападот

Latest from Blog

ПРЕМИЕРОТ ПОПУШТИ ПРЕД БАРАЊАТА НА УЧЕНИЦИТЕ – Итно ангажирани 3.000 наставници

Француската влада конечно попушти под притисокот од двонеделните масовни ученички протести кои ја потресоа земјата – премиерот Себастиен Лекорну најави итно ангажирање на повеќе од 3.000 наставници во училиштата кои се соочуваат

Ligji për Specialen: Çfarë pritet më tutje?

Kuvendi i Kosovës i miratoi më 6 tetor ndryshimet në Ligjin për Dhomat e Specializuara dhe Zyrën e Prokurorit të Specializuar, pasi katër ish-krerë të Ushtrisë Çlirimtare të Kosovës u dënuan më

Петгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида

Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува
Go toTop