Нов албум на Ед Ширан: Музиката може да се доживее со сите сетила

September 12, 2025
1 min read

 Британскиот пејач Ед Ширан, во соработка со американскиот бренд сладоледи „Ван Лeјвин“ (Van Leeuwen), го претвори својот претстоен албум во уникатен леден десерт.

Имено, осмиот студиски албум на Ширан – „Play“ излегува денеска, 12 септември, а заедно со тоа, четирикратниот „Греми“ добитник одлучи да им понуди на обожавателите и слатко задоволство инспирирано од неговото ново музичко дело. Почнувајќи од 10 септември, Ширан и њујоршката компанија го лансираа розовиот сладолед „Плеј пинк“ (Play Pink) којшто ќе се продава во ограничени количини. Исто како и обвивката на албумот, новиот сладолед има жива розова нијанса, но врската со музиката оди подалеку од бојата.

Пејачот претходно го опиша својот новиот албум како негово враќање кон „големиот поп“, а таа енергија, по сѐ, изгледа се одрази и кај сладоледот.

Новиот вкус носи и весела нота преку розова основа со вкус на пијалакот пунч, измешан со шмек на питаја и гуава. Сладоледот ќе биде достапен во продавниците на „Ван Лејвин“ во Њујорк – додека има залихи, всушност.

Ова, инаку, не е првпат „Ван Лејвин“ да соработува со познати личности. Брендот стекна углед и популарност со вакви проекти – соработуваа со Кајли Џенер за нејзиниот додаток од праска и манго претходно ова лето, а со Сабрина Карпентер – за сладоледот со вкус на еспресо во јуни лани. Соработувале и со НБА-ѕвездата Џими Батлер, како и пејачката Марен Морис.  

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тропската бура „Марио“ се формира покрај мексиканскиот пацифички брег, носејќи дожд и поплави

Следно

Ѓорѓиевски на одбележувањето на 30 години македонско-американски односи

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop