„Мајкрософт“ се согласи да овозможи интероперабилност со конкурентските алатки за комуникација

September 12, 2025
1 min read

Компанијата „Мајкрософт“ се согласи на измени во своите практики со цел да ја отстрани загриженоста на Брисел поради поврзувањето на популарната платформа за тимска соработка Мајкрософт Тимс со нејзините апликации Ворд, Ексел, ПауерПонт и Аутлук, преку пакетите Офис 365 и Мајкрософт 365.

Како што соопшти Европската комисија, американската компанија се обврзала да ги нуди своите пакети без Тимс и тоа по намалени цени, да им овозможи на постојните клиенти префрлање на пакети без Тимс, да обезбеди интероперабилност за клучните функции помеѓу конкурентските алатки за комуникација и соработка со одредени производи на „Мајкрософт“ и да им овозможи на корисниците да ги преместат своите податоци од Тимс на конкурентски платформи.

Според ЕК, со ова „Мајкрософт“ ќе придонесе за овозможување фер конкуренцијата и ќе го отвори пазарот за други добавувачи на алатки за комуникација и соработка.

Извршната потпретседателка за чиста, праведна и конкурентна транзиција, Тереза Рибера информира дека со ова „Мајкрософт“ се обврзува да стави крај на неговите „практики на врзување“ што ги оневозможуваше конкурентите ефикасно да се натпреваруваат со Тимс.

– Тоа овозможува конкуренција на овој клучен пазар и им гарантира на бизнисите слободен избор на производот за комуникација и соработка, што најдобро одговара на нивните потреби, наведе Рибера, потсетувајќи дека од пандемијата на корона вирусот, голем број организации во Европа и низ целиот свет во голема мера се потпираат на алатки за видеоконференции, разговори и соработка.

Преземените обврски од страна на „Мајкрософт“ ќе важат во следните седум години.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам

Следно

Фатен осомничениот за убиството на Чарли Кирк – таткото клучен во неговото апсење

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop