Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

September 11, 2025
1 min read

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на регионалниот пат Р29171 кој води од Демир Капија, преку Крњево и Конопиште, до месноста Мушов Гроб со приближна должина од 40 km, и е значаен за локалното население кое секојдневно сообраќа по него, објави Коце Трајановски, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

„Токму затоа, водејќи се од грижата за учесниците во сообраќајот како и од фактот дека овој регионален пат децении наназад бил запоставуван, Јавното претпријатие за државни патишта во соработка co локалната самоуправа од Кавадарци, отпочна со градежни активности за санација на коловозот на делот од делницата од Мушов гроб до Конопиште во должина од 6,5 километри и со просечна ширина од 4,2 метри“, потенцира Трајановски.

„За оваа намена издвоени се финансиски средства во износ од 44 милиони денари обезбедени од Програмата за одржување на државните патишта на ЈПДП која се спроведува преку ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат“.

Средствата ce наменети за санација и рехабилитација на коловозот со вградување на нов асфалтен слој при што е планирано да се вградат вкупно 3.500 тони асфалт. До овој момент се завршени околу 2 км од вкупните предвидени 6,5 км, а поставени се 6 пропусти, извршени се ископи за нови канафки, проширување на трупот на патот и негово тамопнирање.

Работите кои ги изведува ЈП Македонијапат ако нема промена во временските услови очекуваме целосно да бидат завршени во следните 15 дена“, потенцира Трајановски.

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев,Претседателот на Совет Стојанче Рамов,заменик…

Posted by Коце Трајановски on Thursday, September 11, 2025

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Следно

Принцот Хари морал да му вети едно нешто на кралот Чарлс

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено

Манчини со пораз се врати на клупата на Италија: „Не смееме да дозволиме поразите да нè обесхрабрат“

Роберто Манчини со пораз го започна новиот мандат на клупата на италијанската репрезентација. Аѕурите на домашен терен загубија со 0-2 од Белгија во првото коло од Лигата на нации, иако италијанскиот селектор

Македонија лидер на Балканот: Речиси една третина од домашната струја е произведена од сонце

Македонија се издвојува како соларен лидер на Балканот според односот меѓу произведената електрична енергија од сонце и вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија. Според податоците на Ember за 2025 година, соларните електрани
Go toTop