Николовски за Антропол: Генералниот урбанистички план е основата на иднината на Битола

September 11, 2025
1 min read

Архитектот Зоран Николовски е независен кандидат за градоначалник на Битола поддржан од Левица, и денеска во интервју за Антропол зборува за своите мотиви да влезе во трката за првиот човек на градот. Николовски го истакнува значењето на урбанистичкото планирање на Битола.

Така на прашањето што го мотивираше да се кандидира за градоначалник, Николовски одговора метафорично дека доста ни е триесет и пет години што  разни попови и бербери ни кажуваат што е добро за нас, а што не.

Николовски: Во неповторливото литературно дело на М. Де Серавантес, има една епизода од животот на Дон Кихот, каде што попот и берберот му ја “средуваат” неговата библиотеката, со совети, кои книги треба да ги чита, а кои не ! Кои книги се добри, а кои се штетни. Замислете, двата најзакоравени мозоци, му кажуваат на најголемиот интелект на оваа планета, што е добро за него, а што не. Ете, и нам (без малку) триесет и пет години, разни попови и бербери ни кажуваат што е добро за нас, а што не, оти се што правеле, правеле за наше добро, и “во интерес на граѓаните”. Триесет и пет години ни ја уредуваат нашата социјална, економска, професионална и емотивна “библиотека”. Затоа се кандидирав, бидејќи доста ми е од „попови и бербери”. Скоро и да нема позиција, каде што има компетентен кадар, скоро и да нема кадар, кој што работата на прави со сето срце, кадар на кој му “пее петлето”. А знаењето и искуството, (иако се непроценливо важни и значајни), сепак не се пресудни во функционирањето на една институција. Лидерството, е особина која е на врвот на сите доблести што една личност треба да ја има. А лидерскиот афинитет се раѓа, тоа не се учи! 

Запрашан како архитект, дали урбанистичкиот развој на Битола е соодветен, Николовски вели дека за урбанистичи развој на Битола, главниот збор го имаат инвеститорите, но кој инвеститор би посакал нешто да прави, доколку нема проект?

Николовски: Во Битола се уште не е изработен Генералниот урбанистички план. Тој документ е главниот проект за идниот урбанистички развој на Битола. Тоа е исто како, ако сакате дома нешто да реновирате, а немате проект. Не е возможно ! Но, актери и доктори, тоа не можат да го разберат, а да им објанувате ним, колку е важен и значаен еден таков документ, тоа е исто како да сакате да напишете текст со прачка во леген со вода,….. За урбанистичи развој на Битола, главниот збор го имаат инвеститорите, но кој инвеститор би посакал нешто да прави, доколку нема проект? Но, со “административен” однос кон еден ваков проблем, уште долго време нема да биде завршен овој Генерален Урбанистички план. Тоа треба да се работи многу поекспедитивно, (да не речам) дено – ноќно. Во спротивно, Битола ќе се “гуши” во дивоградби и неплански објекти.

Целото интервју на antropol

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Исклучиво македонски изведувачи – “Меморија“ главни ѕвезди

Следно

Средба на Сиљановска-Давкова со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара

Latest from Blog

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос
Go toTop