Повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски студии по младинска работа

September 11, 2025
1 min read

Сојузот за младинска работа (СМР) по втор пат го распиша јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски академски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Стипендијата е востановена и се доделува во чест на Билјана Василевска Трајкоска – Биле, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, чија визија, посветеност и незапирлива енергија оставија длабока трага во развојот и професионализацијата на младинската работа во нашата држава.

Како дел од својата мисија да ја издигне младинската работа на национално ниво, Сoјузот за младинска работа преку оваа стипендија го почитува наследството на Билјана и ги поддржува идните генерации младински работници кои ќе го следат нејзиниот пример.

Стипендијата претставува можност за сите заинтересирани лица кои се заинтересирани или планираат да се запишат на последипломските академски студии по младинска работа и ги исполнуваат критериумите за упис на студиската програма која се спроведува на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Краен рок за доставување на документацијата е 15 септември 2025 година, понеделник (до 23:59 часот).

Повикот со сите детали и онлајн формулари потребни за аплицирање е достапен на овој линк.

За дополнителни информации поврзани со повикот: [email protected]

Со доделување на оваа стипендија, СМР испраќа порака дека младинската работа е важна, а младинските работници заслужуваат поддршка и признание! Тоа е најдобриот начин да се зачува и пренесе визијата на Биле.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Облачно со пороен дожд, наместа изолирана појава на невреме

Следно

Gemini доби функцијата што многумина ја бараа

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop