Ѓорѓиевски: Средба со спортските легенди за иднината на скопскиот спорт

September 10, 2025
1 min read

Скопје, 2025 – Кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска имаше средба со спортски легенди од минатото и сегашноста, на која беше разговарано за унапредување на спортот и спортската инфраструктура во главниот град.

Ѓорѓиевски се сретна со фудбалската икона Горан Пандев, автомобилскиот шампион Игор Стефановски – Иџе, претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, поранешниот голман Борко Ристовски и претседателот на Одбојкарската федерација Петар Јовановски. Тој ја нагласи важноста од нивното искуство и визија за иднината на спортот во Македонија.

„Ми беше чест да разговарам со луѓе кои оставија силен белег во спортот и од кои има многу што да се научи. Скопје заслужува нови спортски инфраструктурни проекти, со акцент на пешачките и велосипедските патеки, како начин на живот и здравје за сите нас,“ изјави Ѓорѓиевски.

 

Тој порача дека заедно со граѓаните ќе се изгради визија за Скопје како спортски центар – град на победници, на млади таленти и на силен спортски дух.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Очекувам убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Следно

Кои хороскопски знаци не треба да влегуваат во долгови до крајот на годината?

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop