ВМРО-ДПМНЕ: Поранешниот директор на АНБ призна дека во време на власт на СДС биле следени членови на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

September 7, 2025
1 min read

Виктор Димовски, поранешен директор на Агенцијата за национална безбедност призна дека за време на неговиот мандат во време на владеење на СДС, биле следени и прислушкувани луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата.

-Во интервју за медиум, Димовски беше прашан дали ВМРО-ДПМНЕ беше таргет на АНБ, при што призна дека тогаш било период неколку изборни циклуси и повикувајќи се на членството во НАТО, имале обврска да направат процена за следење при вакви настани.

„Поаѓајќи од обврските што ги имавме со членството во НАТО алијансата имавме обврска, секогаш при важни настани кои се случуваа во земјата, имавме тука неколку циклуси избори. Исто така, имавме обврска и во поглед на размена на информации со партнерски служби, да правиме проценка во поглед на загрозување на безбедносните состојби во пресрет на случувања на вакви значајни настани“, отворено призна Димовски.

Димовски исто, му ја поби тезата на СДС која ја пласираат денови, и призна дека во таканаречените „делчевски ниви“ нема ништо и тоа не било предмет на работа на агенцијата.

Понатаму во интервјуто, Димовски не негира дека биле следени медиуми, туку оди дури до таму што признава дека новинарот Љупчо Златев биле предмет на обработка.

„Можам да се сетам само за еден новинар којшто беше пријавен од страна на агенцијата заради објавување на класифицирани документи“, додавајќи дека новинарот Златев бил и соодветно процесуиран.

Со сето ова поранешниот директор на АНБ од СДС, Димовски ги призна тезите на ВМРО-ДПМНЕ дека во време на нивна власт, биле следени и прислушкувани луѓе членови на партијата, меѓу кои и претседателот Христијан Мицкоски, како и новинари, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јамал знае фудбал, НО ЗА СЕ ДРУГО Е БУДАЛА. Му ја земаа девојката сосе Феарито :)

Следно

Овие вежби можат да го трансформираат вашето тело по 50-тата година

Latest from Blog

Еден рудник може да донесе околу 130 милиони евра годишно во буџетот, со новиот закон ќе се воведе поголема контрола и висока заштита

Рударството може да поттикне развој и на други индустрии, но идните инвестиции ќе бидат под засилена контрола Рударството и поврзаните индустрии можат да имаат значаен придонес во економскиот развој на Македонија, особено

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност
Go toTop