Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија

September 7, 2025
1 min read

Граѓаните кои се против блокадите ќе се соберат во повеќе од 100 градови низ Србија попладнево за мирно да демонстрираат дека сакаат да се врати нормалниот живот во државата обвинувајќи ги блокадерите дека тоа го оневозможуваат веќе десет месеци.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде со граѓаните на тој собир организиран од граѓаните против блокадите.

-Ќе учествувам…Таму нема да има полиција. И никој нема да ги нападне, изјави вчера Вучиќ.

Овие мирни собири, како што рече лидерот на СНС и советник на Вучиќ за регионални прашања, Милош Вучевиќ, се одговор на граѓаните на Србија на се што се случи во изминатите месеци.

-Ова ни дава надеж за спас на државата. Луѓето само рекоа дека се борат против блокадите, дека сакаат да се вратат безбедноста и стабилноста. Луѓето сакаат да ја видат државата како функционира нормално, да биде онаква каква што треба да биде. Ние само сакаме да кажеме, вратете го нормалниот живот – изјави Вучевиќ. 

Собирите против блокадите почнаа пред две недели.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Се урна покрив на супермаркет во Германија, тешко повредени две лица

Следно

ВЛЕН реагира: Тајни средби и српски капитал во фокусот на Османи

Latest from Blog

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна… За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна…

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан
Go toTop