Во железничка несреќа во Египет загина едно, повредени се 16 лица

March 8, 2023
1 min read

КАИРО (АА) – Најмалку едно лице загина, а 16 се повредени во железничката несреќа што се случи во Каиро, Египет, јавува Анадолу.

Несреќата се случила кога патничкиот воз излетал од шините и удрил во перонот на станицата.

Египетското Министерство за здравство соопшти дека на местото на несреќата биле упатени 20 возила за итна помош, а според прелиминарните податоци, загинало едно, а повредени се 16 лица.

Наведено е дека повеќето од повредените не се животно загрозени.

Главниот египетски обвинител Хамада ал-Сави изјави дека е формиран истражен тим за истрага на железничката несреќа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Борис Џонсон реши да го прави татко му „Сер“

Следно

Градоначалникот на Ѓорче Петров со осмомартовска честитка кај пензионерките од општината

Latest from Blog

Андоновски: До 2027 година Македонија целосно ќе се поврзе со Европскиот дигитален паричник

Македонија си постави амбициозна цел – до крајот на 2027 година да биде целосно интероперабилна со европскиот дигитален паричник. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на
Go toTop