Божиновска: Секој ревизорски наод мора да има конкретен одговор, активност и рок

September 14, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска одржа работен состанок со органите во состав и субјектите поврзани со Министерството, посветен на постапувањето по наодите и препораките од ревизорските извештаи.

На состанокот присуствуваа претставници на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви – МАКОРА, АД МЕПСО, АД НОМАГАС Скопје и МЕМО, кои реферираа за наодите од ревизорските извештаи, досегашните активности и мерките што се преземени за надминување на констатираните состојби.

Фокусот на состанокот беше јасен – секој наод од ревизијата мора да има одговор, конкретна активност и рок за реализација.

Министерката Божиновска побара од раководствата на институциите и компаниите да презентираат што е направено по дадените препораки, кои активности се во тек, кои мерки допрва треба да се преземат и во кои рокови ќе бидат реализирани.

-Ревизорските извештаи не се документи што треба да се архивираат. Тие се јасен сигнал каде институциите треба да го подобрат своето работење. Од денеска инсистирам за секој наод да имаме конкретен одговор – што е преземено, што останува да се направи, кој е одговорен и до кога мора да биде завршено. Нема да дозволиме препораките да останат само на хартија, истакна министерката Божиновска.

На состанокот беше договорено институциите и субјектите да постапат по препораките на Државниот завод за ревизија и да ги презентираат преземените и планираните мерки, со јасно дефинирани рокови и одговорности за реализација на преостанатите активности. Органите во состав информираа дека веќе се превземени активности и дел од препораките се имплементирани, а интензивно ќе се работи на брзо постапување и по сите останати забелешки.

Министерството ќе воспостави систематско следење на реализацијата на ревизорските препораки, со редовно известување за степенот на исполнетост. На тој начин ќе се обезбеди институционална одговорност и континуирано следење на тоа дали и во кој рок се постапува по утврдените наоди.

Оваа средба е продолжение на иницијативата на министерката Божиновска за засилување на контролата и отчетноста во институциите и компаниите поврзани со енергетскиот сектор. Претходно, по нејзино барање, беше спроведена ревизија за работењето на овие субјекти, а неодамна оствари средба и со Главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која беа разгледани ревизорските извештаи, утврдените состојби и препораките за нивно надминување.

„Нашата цел не е само да ги констатираме слабостите, туку да ги отстраниме. Очекувам од сите субјекти максимална одговорност и посветеност во реализацијата на препораките. Ќе следиме, ќе проверуваме и ќе бараме резултати. Само со ваков пристап можеме да изградиме институции кои работат поефикасно, потранспарентно и одговорно со јавните средства и ресурсите со кои управуваат“, порача Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи со редовна координација со органите во состав и субјектите од својата надлежност, со цел ревизорските наоди да се претворат во конкретни корективни мерки, а препораките – во реални подобрувања во работењето.

Ревизијата е проверка на работењето. Реакцијата по ревизијата е мерка на одговорноста.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп: Од 14 септември се спроведува дератизација на канализационата мрежа

Следно

Николоски: Македонија инвестира во енергетска сигурност, инфраструктура и нови работни места

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop