Убедливо издание на младинската репрезентација – победа со 2:0 против БиХ

September 5, 2025
1 min read

Македонската репрезентација до 19 години ја победи селекцијата на Босна и Херцеговина со 2:0 на денешниот пријателски натпревар одигран во Радовиш. Двата гола беа дело на Стефан Младеновски, по еден во првиот и во вториот дел.

Првиот гол Младеновски го постигна во 29. минута од средбата. Откако Терзиќ загуби една топка, ја одзеде Хоџа кој додаде до Младеновски, а овој од прва погоди во голот на гостите. Резултатот од 1:0 беше актуелен во првиот дел.

На стартот од вториот дел репрезентацијата на БиХ имаше неколку полушанси. Првиот обид го одбрани голманот Илоски, додека Косо во 56. минута шутираше непрецизно.

Шанса за Македонија имаше Киш во 61. минута кога не успеа за дел од секундата да ја стигне топката, а во 85. минута ударот на Младеновски го брани голманот Бањиќ.

Вториот гол се случи во 89. минута. Беше досуден пенал по прекршок во шеснаесетникот на БиХ, а сигурен реализатор на ударот од белата точка беше Младеновски кој ги постави конечните 2:0.

На 6. септември (сабота) во 11:00 часот ќе се одигра вториот меч меѓу овие две репрезентации на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Пријателски натпревар, репрезентации до 19 години

МАКЕДОНИЈА – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 2:0 (1:0)

Стрелец: Стефан Младеновски 29′, 89′ (п)

МАКЕДОНИЈА: Давид Илоски, Игор Ристов (74′ Златко Радески), Горазд Ристовски (86′ Андреј Мурџески), Назиф Цека, Лука Атанасовски, Давид Стојаноски, Ненад Дајманоски (64′ Каменчо Андоновски), Емир Шаботиќ (86′ Виктор Делов), Дитмир Хоџа (74′ Димитар Шаркоски), Марко Киш (86′ Ариф Локи), Стефан Младеновски.

Селектор: Ерхан Селими.

БИХ: Тарик Бањиќ, Филип Шакота, Петар Ѓукановиќ (81′ Данило Вујичиќ), Адмир Гојак, Јусуф Терзиќ (66′ Армин Спахиќ), Дарко Башиќ (60′ Хамза Реџиќ), Миљан Пантиќ (73′ Махир Бешиќ), Дин Рамиќ (81′ Антонио Араповиќ), Дино Делиќ, Бакир Косо (66′ Емин Хрњиќ), Амар Цериќ (73′ Дин Делиќ).

Селектор: Дубравко Орловиќ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Македонија со јасна енергетска визија на патот кон ЕУ

Следно

Драги Рашкоски фатен со кеш пари на влез во Грција

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop