АПИС бара да се обрати пред пратениците за штетите кои следат доколку се изгласаат законските измени за игрите на среќа

March 8, 2023
1 min read

Како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа (АПИС) во кои членуваат трговските друштва кои организираат игри на среќа во автомат клубови и казина, претставници на Новоматик и Апекс од Република Австрија, побаравме од Собранието на Република Македонија да се обратиме на седницата на Комисијата за европски прашања кога ќе биде разгледуван Предлог на законот за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри. Нашето барање е во согласност со член 122 став од Деловникот за работа Собранието.

Соопштението на АПИС го пренесуваме во продолжение:

Наша должност е да ги информираме народните избраници за крајно штетните последици кои неминовно следат доколку законски измени бидат изгласани од Собранието со решенијата кои се дел од предложените законски измени.

Иако постоечкото законско решение е најстрого во регионот, ние генерално не сме против законски измени. АПИС се противи на погрешни, противуставни и популистички мотивирани законски измени, кои ќе предизвикаат хаос со игрите на среќа. Затоа, на 16 ноември 2022 со писмени барања адресирани до Владата и Министерството за финансии побаравме нашите правни тимови да бидат вклучени во процесот на изработка на предложените измени. За жал, и покрај писменото ветување на Министерството за финансии од 19.12.2022 дека после изготвувањето на првичниот драфт на измените ќе ни се овозможи како засегната страна да се вклучиме со свои мислења и коментари, тоа не се случи. Напротив, Владата од необјасниви причини одлучи на предложените измени да им стави Европско знаме, што никогаш претходно не било собраниска пракса, земајќи предвид дека измените предизвикуваат драматични финансиски импликации.

Демократски обичај е како странски инвеститори, претставници на капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ, да бидеме ислушани и нашата експертиза и знаење да биде земено предвид со цел изработка на одржливо законско решение во согласност со највисоките светски стандарди за организирање игри на среќа. Досега како Групација во Република Македонија сме инвестирале 124 милиони евра, имаме тековни инвестиции од дополнителни 30 милиони евра, вработуваме илјадници луѓе. Како општествено одговорни компании донираме во јавното здравство, спортот, културата и постојано учествуваме или сме покровители на хуманитарни акции. Целата економска дејност – игри на среќа годишно приходува 280 милиони евра во буџетот, што е зафаќање од 6 проценти од приходната страна на централниот Буџет предвиден за 2023 година.

Конечно, како Асоцијација на приредувачи на игри на среќа имаме одговорност да ги заштитиме нашите вработени и огромните инвестиции во Македонија кои ја придвижуваат македонската економија напред. Очекуваме од Собранието нашето Барање да биде прифатено.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Канада ќе ја продолжи својата мисија за обука на украински инженери

Следно

Телефонски разговор Бајден – Макрон

Latest from Blog

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.
Go toTop