Ѓорѓиевски: Фер и демократски избори, наша заедничка цел

September 4, 2025
1 min read

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со извршната директорка Душица Перишиќ, оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко и раководството.

-Разговаравме за реализирањето на законските обврски на општините во делот на обезбедување соодветни простории за општинските изборни комисии, навремено и непречено преземање на изборните дејствија, како и потребната техничка опременост и сите неопходни услови за нивната работа.  Дополнително, посветивме внимание и на обезбедувањето простор за примање, транспорт и чување на изборниот материјал. Се договоривме ЗЕЛС навремено да ги информира општините за преземање на сите потребни активности, со цел граѓаните непречено да го остварат своето право на глас, истакнува Ѓоѓриевски.

Тој нагласува дека како претседател на ЗЕЛС, заедно со општините стојат целосно на располагање на ДИК.

– Нашата заедничка цел е успешно надминување на сите можни предизвици и обезбедување услови за фер, демократски и непречени локални избори, вели Ѓорѓиевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: РК Еурофарм Пелистер ја донесе спортската гордост во Битола

Следно

Македонија денеска против Саудиска Арабија – последна проверка пред Лихтенштајн

Latest from Blog

Николоски на средба со европратеници: Европската интеграција останува стратешки приоритет

Европската интеграција на Македонија, реформскиот процес и чекорите што претстојат на патот кон полноправно членство во Европската Унија биле во фокусот на денешната работна средба на вицепремиерот и министер за транспорт и

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop