ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не ги лаже младите и да им се извини за тоа што ги заборавија изминативе 7 години

September 4, 2025
2 mins read

Сериозно сме изненадени од настапите на Филипче по локалните средби со млади коишто си ги правел во текот на вчерашниот ден. Филипче им говорел на своите членови од младината, како тешко се живее во Македонија, дека младите се иселувале, дека платите биле ниски, говорел и за инфлацијата и рангот на универзитетите од Македонија на Шангајската листа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на Венко Филипче.

Од таму потенцираа дека треба да го потсетиме господинот Филипче дека до пред само една година, или еве поточно 15 месеци, тој и неговите пајташи и криминалци од СДС и ДУИ, како Заев, Ахмети, Груби, Османи и останати, ја водеа оваа држава, на начин на кој на сите им е познат.

„Господинот Филипче, се нашол за достоен да говори за младите, за инвестициите, за платите и инфлацијата. Епа господине Филипче, да ве потсетиме како беше во ваше време.

Инфлацијата беше над 20%, историски највисока. Платите беа мизерни, инфлацијата ги поразуваше и оние срамни покачувања кои ги имало во периодот кога тие ја водеа Владата. Пензиите да не ги спомнуваме, навистина е срамно СДС и Филипче да говорат за тоа, бидејќи во нивно време се зголемуваа за 185 денари, а сега за само 18 месеци ќе бидат зголемени за 7000 денари. Јавниот долг беше над 60%, а задолжувања, анекси и камати, го празнеа Буџетот на државата, поради неспособноста на СДС. Салата на УКИМ така стои 7 години, со прст не мрднаа, ФИНКИ и ФФК можеби и не знаеле дека постојат па затоа и не ги реновирале, учениците немаа учебници по цела година, учеа од скрипти или ако се снајдеа на некаков друг начин. Студентските домови беа оставени на милост и немилост, градовите и селата се празнеа, младите го бараа спасот надвор од државата, а велеа дека ќе ги врателе оние 600 илјади кои биле избегани од државата, кога доаѓаа на власт. И секако, за сето ова што го направија, добија казна на изборите со најлош историски резултат во нивната историја. Нешто слично ќе им се случи сега на изборите во октомври“, се наведува во соопштението.

Но, господинот Филипче, можеби сè уште е со паметот на грчките плажи и јахтите со Заев, па еве да му пренесеме што се новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ направи за само година дена.

Платите се покачени во администрацијата, здравството, образованието, културата, полицијата, социјалата. Дел од овие се историски највисоки зголемувања направени со синдикатите во вид на колективни договори. Инфлацијата се контролира и не е веќе 20%, а јавниот долг се намали. Странските директни инвестиции достигнаа историски рекорд, од милијарда и 250 милиони евра. Се отвораат нови работни места, се вложува во енергетиката, дигитализацијата и образованието. Се реконструираат студентски домови, факултети и училишта. Книгите учениците ги добиваат на први септември. Младите добиваат по 250 евра за електронски уред, финансиска поддршка за стартап бизнис, финансиска поддршка за млади земјоделци, како и многу мерки и поволности за вработување со оперативниот план за 2025 година, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова се само дел од проектите и мерките коишто за година дена ги имаме преземено како нова власт, од минус во секоја можна државна институција, сега сме на нула и одиме напред, градиме темели на иднината и ги правиме промените кои граѓаните ги заслужуваат, стои во партисото соопштение.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин лансира „АНТИ-Евросонг“: Плаќа луѓе да седат во публика, учествуваат и САД и Србија

Следно

Прекин на услугите на Гугл во Источна Европа предизвика проблеми за корисниците

Latest from Blog

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот
Go toTop