Љутков: Спомен куќите во Велес се во добра кондиција, правиме напори да ги ставиме во функција за посетителите

September 3, 2025
3 mins read

Спомен куќите на Васил Главинов и Јордан Хаџи Константинов – Џинот се во добра кондиција и денеска сме на увид и правиме напори за нивна адаптација со цел да бидат постојано отворени за посетителите, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на Велес. Тој воедно ја посети и Спомен куќата на Рацин која е најпосетувана од сите спомен куќи во Велес. Министерот Љутков попладнево ја посети и куќата на Аликара во која сега живее семејството Апасиеви, која е ставена под заштита на државата и моментално се реставрира.

Тој на денешната редовна посета на културните знаменитости во Велес беше со директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски и директорот на ЛУ Народен музеj Велес, Ангел Коруновски. Тие денеска го посетија и Народниот музеј и манастирската црква на манастирот „Свети Димитрија“ кај Велес каде оваа лето се изведуваат конзерваторски работи од страна на тим на Националниот конзерваторски центар од Скопје.

Како што појасни министерот Љутков, она што можел да види од посетата на спомен куќите е дека се во некоја кондиција и реално ќе им биде потребно мало освежување и обновување за ставање во функција за посетители од земјава и странство.

-Направивме увид, ќе направиме анализа за да видиме што е тоа што во иднина треба да се помогне. Воедно ги разгледавме и сите можности како да се прошират овие капацитети. Едно е материјалната помош, а втората наша помош како Министерство и заложба е спомен куќите постојано да бидат отворени за посетители. Треба да го видиме и начинот на стопанисување, затоа што некои од нив се под ингеренции на Народниот музеј, а некои под ингеренции на локалната власт, појасни Љутков.

Додаде дека по денешниот увид ќе направат солидна анализа и ќе се договорат што да прават за наредната 2026 година.

Во врска со состојбата со старите автентични градски куќи во маалото на Варналиите од левата висока страна на градот, каде една од куќите пред неколку години целосно изгоре, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски во одговор на новинарско прашање појасни дека по опожарувањето веднаш нивна екипа излегла на терен и веќе бил направен иден концепт за нивна обнова, но не биле ставени во годишната програма за 2025 година.

-За оваа година ние како Национален конзерваторски центар за Велес имаме три проекти: моментално се работи на конзервација на Куќата на Аликара или сега на семејството Апасиеви, за која се обезбедени околу 4 милиони денари. Во тек се конзерваторско-реставраторските процеси, но се работи на многу стари објекти од почеток на 20 век. Така што кога започнуваат конзерваторски интервенции се откриваат и непознати делови каде што требало да се интервенира, затоа што тоа се стари објекти. Во моментот се прави еден проект за статичка стабилизација и конструктивна стабилизација на објектот на оваа куќа, а кога ќе заврши таа активност ќе се продолжи со реставрација на куќата на семејството на Апасиеви, појасни директорот Јорданоски.

Тој информира дека се работи на манастирската црква во „Свети Димитрија“, каде годинава работеле на истражување на фрескоживописот со недеструктивни методи.

-Зошто, затоа што пред десетина години е откриен двослоен фрескоживопис во припратата – влезот на црквата, а точната година е 1297 година. За да не одиме со деструктивни методи се обидовме оваа година со термо камера да откриеме двослоен фрескоживопис, но произлезе дека таа метода не е практична за ова истражување, па ќе продолжиме со останатите. Мануелните методи никогаш не се на одмет да се случат ако другите не дадат резултати. Затоа ќе продолжиме со такви истражувања, најави Јорданоски.

Директорот на музејот Ангел Коруновски истакна дека Спомен куќата на Кочо Рацин е најпосетена од ученици на екскурзии, но и од гости и туристи и разни делагации и здруженија во посета на Велес.

Тој планира да се стават во функција и останатите две спомен куќи на Васил Главинов и на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, како и куќата на Касапови односно познатата „Куќа што лебди“ сите лоцирани во старото градско јадро на Велес под градската црква „Свети Пантелејмон. За тоа ја очекува поддршката од Министерството за култура и Националниот конзерваторси центар за нивна адаптација. Со двете институции се договара за поддршка и нивно ставање во функција за посетителите на градот.

На новинарско прашање на МИА, за заштита и реставрација на преостанатите стари вредни велешки градски куќи во овој дел од градот, министерот Љтков и директорот Коруновски одговорија дека треба да се направи увид за да се утврди нивната сопственост и дали има можност некои да се откупат и заштитат.

Прашани колку вкупно има стари велешки куќи, од Народниот музеј одговорија дека до пред десетина година тие имале евидентирано 80-тина стари велешки куќи од поранешните над 200. За жал, додадоа, сега нивниот број е намален на едвај дваесетина. Воедно и голем дел од нив се оставени на забот на времето и негрижата од надлежните, поради што неповратно пропаѓаат, паѓаат и се рушат и со тоа засекогаш ги снемува од лицето на стариот дел од Велес од двете страни на Вардар.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВЛЕН го разоткрива непотизмот во ДУИ – плати и привилегии за семејствата на функционерите

Следно

Путин го покани Зеленски во Москва

Latest from Blog

Меџити: Полицијата го задржала автомобилот на Ахмети 24 часа поради сомнеж дека Груевски можел да го користи за бегство

Скопје, 3 септември 2025 – Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, изнесе нова сериозна обвинение против претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за

Коњановски ги слуша битолчани: Идеите за поубава општина

Битола, 3 септември 2025 – Денес градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средби со жителите на населбата Карпош, од урбаните заедници Тодор Ангелевски и Естреа Овадија Мара. Преку кампањата „Предложи идеја“,

Сајкоски: ВМРО-ДПМНЕ оди на сигурна победа на локалните избори и работи за добро на граѓаните

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната редовна седница избра уште 16 кандадати за градоначалници за претстојните локални избори. За кандадат за градоначалник на општина Сопиште е избран Јане Мицески, за Кичево Александар
Go toTop