Ѓорѓиевски и експертскиот тим: Најдоброто допрва доаѓа за Скопје

September 2, 2025
1 min read

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, денеска оствари средба со тим врвни експерти во областа на архитектура, урбанизам и транспорт. На состанокот присуствуваа проф. д-р Мишко Ралев, декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје, проф. д-р Огнен Марина од Архитектонски факултет Скопје, проф. д-р Горан Мијоски од Градежен факултет, архитектот Аљоша Шопар и експертот по земјишна политика и администрација Славче Трпески.

Разговорите се фокусираа на изборната програма во делот на урбаниот развој, со акцент на урбанизмот, транспортот и заштитата на животната средина. Ѓорѓиевски истакна дека програмата носи иновативни и современи решенија за решавање на урбаниот хаос, сообраќајниот метеж и модернизација на јавниот превоз, со цел Скопје да добие функционален и одржлив систем.

„Со овој тим и визија, Скопје ќе стане град на рамномерен развој и иновативни решенија кои одговараат на вистинските предизвици“, порача Ѓорѓиевски.

 

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кохџаџику: ДУИ им служи на бегалци и криминалци, а не на граѓаните

Следно

Омерагиќ: Новески ќе ја води скаутинг службата на ФФМ

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop