„Го продадоа за 145 милиони евра, а се простија со 37 зборови“

September 2, 2025
1 min read
ФОТО:
Newcastle United F.C./FB

Њукасл дури ни не му се заблагодари на Александер Исак за неговите услуги откако тој потпиша за Ливерпул во трансфер кој го урна британскиот рекорд. Во својата објава клубот не ги спомена ни неговите херојски подвизи во финалето на Карабао Купот, ниту пак постигнатите голови, посветувајќи на неговото заминување само 37 зборови, пишува Дејли Мејл.

Исак (25) во понеделник ја заврши летната трансфер сага потпишувајќи долгорочен договор со Ливерпул вреден 125 милиони фунти (144 милиони евра).

Во објавата за заминувањето на Исак, Њукасл напиша:
„Њукасл Јунајтед ја објавува продажбата на напаѓачот Александер Исак на Ливерпул за значителна, рекордна британска трансферна отштета. Шведскиот репрезентативец му се приклучи на тимот од Реал Сосиедад во 2022 година и запиша 109 настапи во сите натпреварувања.“

На врвот од соопштението наведоа дека проценетото време за читање е една минута.

Она што не го споменаа е дека Исак постигна гол во финалето кога во март го освоија првиот трофеј по 56 години. Клубот исто така ја изостави и фактот дека им помогна двапати во три сезони да се пласираат во Лигата на шампионите и дека на 109 настапи постигна 62 гола.

Трансфер сагата на Исак доминираше во текот на летото, особено откако тој го пропушти предсезонското турне по Азија и тренираше самостојно. Вчера пристигна во Ливерпул, ги помина лекарските прегледи, позираше за фотографии во тренинг-центарот и отпатува за Стокхолм за да ѝ се приклучи на шведската репрезентација. Тој потпиша шестгодишен договор со Ливерпул.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп за вечерва најави обраќање до јавноста

Следно

Дубаи веќе не е рај за иселениците – животот станува прескап

Latest from Blog

На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија

Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за

Икер Касиљас: Не го сакам Мурињо во Реал Мадрид!

ФОТО:facebook.com/SLBenfica/ Легендата на Реал Мадрид, Икер Касиљас, верува дека Жозе Мурињо не е најдобрата опција за нов тренер на клубот. “Специјалниот“ е пред враќање на „Бернабеу,“ а веста се очекува да биде

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез
Go toTop