Откако го глумеше Путин, Џуд Ло открива: „НЕ СЕ ПЛАШАМ ОД ПОСЛЕДИЦИТЕ“

August 31, 2025
1 min read

Џуд Ло го игра рускиот претседател Владимир Путин во новиот политички трилер „Волшебникот од Кремљ“ и вели дека не е загрижен за реакцијата на рускиот лидер.

Џуд Ло го игра рускиот претседател Владимир Путин во новиот политички трилер „Волшебникот од Кремљ“ чија премиера е на Филмскиот фестивал во Венеција и вели дека не е загрижен за реакцијата на рускиот лидер.

„Се надевам дека не сум наивен, но не се плашам од последиците“, рече 52-годишниот актер на прес-конференција во Венеција.

Филмот се натпреварува за Златниот лав

„Волшебникот од Кремљ“, од францускиот режисер Оливие Асајас, се натпреварува со уште 20 филмови за Златниот лав.

Во филмската адаптација на романот, Асајас го опишува искачувањето на Путин на позицијата руски претседател. Приказната е раскажана од перспектива на млад советник, кој го игра Пол Дејно. Советникот е измислен лик, но се верува дека е базиран на реалниот руски политичар Владислав Сурков.

„Се чувствував уверен во рацете на Оливие и неговото сценарио дека оваа приказна ќе биде раскажана интелигентно, слоевито и внимателно“, рече Ло.

„Не баравме контроверзии заради контроверзии. Тоа е лик во поголема приказна. Не се обидувавме да дефинираме ништо“, додаде тој.

Многу се подготвувал за улогата

Во подготовка за улогата, Ло рече дека „се заклучил во глувчешка дупка“ и проучувал обемни видео снимки. Најголемиот предизвик беше тоа што јавните појавувања на Путин откриваат малку за тоа кој е тој навистина, истакна тој.

Кога го прашаа дали улогата му донесе нешто позитивно, актерот рече:

„Научив џудо“.

Рускиот претседател Владимир Путин е познат како обожавател на оваа боречка вештина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Успешно летно искачување на Титов Врв и покрај силен ветер

Следно

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Latest from Blog

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините
Go toTop