Битола му оддаде почит на Александар Турунџев со нов споменик кај Ат Пазар

August 30, 2025
1 min read

Со свечена церемонија вечерва во Битола беше откриен споменикот на македонскиот војвода Александар Турунџев, поставен кај Ат Пазар – местото каде што загинал пред точно 120 години.

Настанот започна со поворка низ битолските улици, при што граѓаните се собраа пред ОУ „Ѓорги Сугарев“, местото каде Турунџев бил затворен. Македонското знаме го развиорија млади комити од КУД „Илинден“ Битола, а поворката ја предводеше коњаницата „Костурска чета“, придружена од блех музика, групата „Љубојна“ и млади зурлаџии и тапанџии од АФ „Гоце Делчев“.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со потомци од семејството Турунџиеви, пред бројни граѓани и гости го открија споменикот, при што тој истакна дека „Битола ја исправи својата вечна должност и токму на денот на неговата погибија му подари споменик на Александар Турунџев“.

 

Свеченоста беше збогатена со настап на правнуката на војводата, пејачката Сузана Турунџиева, која ја отпеа македонската химна, како и со изведбата на оперскиот пејач Игор Дурловски и аранжманот на Николче Мицевски на песната „Црно му било пишано“, посветена на Турунџев.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопругата на Брус Вилис проговори откако беше критикувана за тоа што живее одвоено од актерот

Следно

Трансфери: Челзи се пофали со Гарначо! Исак ќе заврши во Ливерпул а Пакета во Астон Вила?!

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop