Дурловски промовира видео за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“

August 30, 2025
1 min read

 По повод 120 години од погубувањето на големиот јунак Александар Турунџев, оперскиот пејач Игор Дурловски денеска го промовира видеото за песната „Цела се Битола расплака за Александар Турунџев“. 

Дурловски песната ја изведува во пијано придружба и аранжман на Николче Мицевски, а продукцијата е на XL Studio Momiroski, додека видеото е на Николај Грнчаров.

– Изведбава е омаж и благодарност кон подвигот што останува вечен симбол за Битола и Македонија. Ова е песна што не потсетува дека хероите живеат во нашата музичка меморија, пишува на својот профил на Фејсбук Дурловски. 

Во чест на Турунџев, вечер во организација на Општина Битола, во 19:30 часот од ОУ „Ѓорѓи Сугарев” каде бил затворен ќе тргне поворката во негова чест која ќе се движи преку плоштадот Магнолија, крај реката Драгор, Ат Пазар до местото каде е поставен споменикот. Таму во очи на откривањето на споменикот премиерно ќе ја изведеме „Црно му било пишано”.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бетовен и мистеријата на неговата смрт: Што им откри ДНК анализата на научниците?

Следно

Бундеслига: Баер (Л) се изгуби под водство на Тен Хаг, испушти победа во Бремен (ВИДЕО)

Latest from Blog

Македонската берза со неделен промет од 85,26 милиони денари, најтргуван Алкалоид

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 17.08.2026 до 21.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 85.262.209 денари, од кои

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во
Go toTop