Три нови спортски игралишта и современа сала – Меџити со план за спортски подем на Чаир

August 29, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, воедно и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, најави конкретни проекти за развој на спортската инфраструктура во општината.

„Чаир има силна спортска традиција и има изнедрено спортисти кои постигнале големи успеси на национално и меѓународно ниво. Потенцијалот постои, но останува обврска на општината да создаде подобри услови за спортот и младите,“ истакна Меџити.

Тој денес се сретна со спортисти од Чаир, со кои разговараше за потребите и можностите за унапредување на спортот.

 

Меџити најави три клучни проекти: изградба на мултифункционална сала „Чаир“ со 3.000 седишта и стандарди за меѓународни натпревари, реконструкција на салата „Партизан“ за повторно да стане дом на спортистите, како и изградба на три мултифункционални игралишта во Топаана, Саат Кула и населба Гази Баба.

„Ние не ветуваме – ние реализираме. Инвестираме во децата, во спортските клубови, училиштата, здравството и во секој граѓанин. Чаир заслужува да биде универзитетски, културен, образовен и спортски центар,“ нагласи Меџити.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите во блокада во Србија им се придружуваат на матурантите на протестот закажан за 1 септември

Следно

Русија за првпат употреби ново моќно оружје – уништен украински разузнавачки брод

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop