ВЛЕН: Валканата кампања на ДУИ нема да го сопре процесот на промени

August 29, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН обвини дека Демократската унија за интеграција (ДУИ) и нејзините поддржувачи стојат зад, како што велат, „оркестрирана кампања на лаги и клевети“ против заменик-премиерот Арбен Фетаи.

„Преку лажни профили и валкани методи се обидуваат да го нарушат угледот на Фетаи и да го сопрат процесот на промени кој веќе е неповратен,“ се наведува во нивната реакција.

Од ВЛЕН додаваат дека ваквите напади само ја потврдуваат нивната сила и успехот во „уривањето на плановите на ДУИ и Таравари со кланот Ѓока“.

 

„ДУИ се плаши од транспарентност и од нашата решеност да го искорениме криминалот, корупцијата и мафијашките врски што повеќе од две децении ја држеа државата во заложништво,“ стои во соопштението.

Коалицијата потенцира дека, за разлика од ДУИ, ниту еден нивен претставник не злоупотребил јавни пари и дека нивното работење е целосно отворено за јавноста.

„Нашето одлучување е независно и ненаметнато, затоа што се потпираме само на довербата на граѓаните, а не на олигарси и нарко-босови,“ додаваат од ВЛЕН.

Тие заклучуваат дека нападите врз Фетаи се доказ за очај и страв од вистината:

„Нека шират клевети преку лажни профили и дигитални платеници – караванот на ВЛЕН продолжува напред, градејќи иднина без ДУИ и без заложници на Ѓока.“

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Смоквите се симбол за долговечност

Следно

ВРЕДИ: Арбен Фетаи ги уништи плановите на ДУИ и заложниците на Ѓока, промените не запираат

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop